Хилверсум
Хилверсум | |||
---|---|---|---|
Град и општина | |||
Градското собрание на Хилверсум | |||
Местоположба во Северна Холандија | |||
Координати: 52°14′N 5°10′E / 52.233° СГШ; 5.167° ИГД | |||
Држава | Холандија | ||
Покраина | Северна Холандија | ||
Управа[1] | |||
• Орган | Општински совет | ||
• Градоначалник | Питер Бруртјес (PvdA) | ||
Површина[2] | |||
• Вкупна | 46,35 км2 (1,790 ми2) | ||
• Земјишна | 45,62 км2 (1,761 ми2) | ||
• Вода | 0,73 км2 (28 ми2) | ||
Надм. вис.[3] | 15 м | ||
Население (август 2017)[4] | |||
• Вкупно | 89.342 | ||
• Густина | 1.958/км2 (5,070/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 1200–1223 | ||
Повикувачки број | 035 | ||
Мреж. место | hilversum.nl |
Хилверсум (холандски: Hilversum) — општина и град во Холандија, во покраината Северна Холандија. Се наоѓа во областа „Хет Гои“, каде што е и најголем град во истата. Опкружен е со ливади, пасишта, езера и помали градови и села кој му даваат посебна убавина на Хилверсум. Тој е дел од Ранстад, најголемата конурбација во Европа.
Хилверсум се наоѓа на 31 километри југоисточно од Амстердам и 12 километри северно од Утрехт. Градот често го викаат медиумски град, бидејќи е главен центар за радио и телевизија во Холандија. Радио Холандија се слуша во цел свет токму од Хилверсум почнувајќи од 1920 година. Хилверсум е дом на многу аудио и телевизиски стидија, кои припаѓаат на националната холандска телевизија NOS (Nederlandse Omroep Stichting), како и на сите холандски радиодифузни организации и други комерцијални телевизии и медиумски претпријатија. Холандското гласање за Евровизија обично се одвива во Хилверсум.
Според проценките од 2014 година во градот живееле околу 86.795 жители.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „College van Burgemeester en Wethouders“ (холандски). Gemeente Hilversum. Архивирано од изворникот на 2016-04-21. Посетено на 1 август 2014.
- ↑ „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
- ↑ „AHN Postcode tool for 1217JE“. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis. Посетено на 1 август 2014.
- ↑ „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хилверсум на Ризницата ?
- Матична страница (холандски)
|