Прејди на содржината

Хатшепсут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на Хатшепсут во Метрополитен

Хатшепсут (1473 п.н.е.1458 г. п.н.е.) — петти фараон на Осумнаесеттата египетска династија во Стариот Египет и во нејзините слики и скулптури постојано била претставена како машки фараон. Таа била првата жена-фараон. Идентификацијата на нејзината мумија била објавена на 27 јуни 2007 година.

Во текот на 18-та династија, кралската куќа на Аксмос I била соочена со трагедии кој се случувале во текот на 3 генерации, бидејќи неколку машки престолонаследници на 18-та династија умреле. Кога умреле сите синови на Амен-Хотеп-а и неговите главни жени,Тутмос I станал фараон (син на другата жена Сенсенеб). Тој се оженил со својата полусестра Аксмос но и неговите пет синови исто така умреле. Во времето на смртта на Тутмос I единствен негов наследник со кралска крв бил неговиот незаконски син Тутмос II но тој бил малолетен и фараонот немал друг избор освен на престолот да ја стави неговата ќерка Хатшепсут. Меѓутоа, пред болеста на нејзиниот татко Хатчепсут кога имала 15 години се омажила за нејзиниот полубрат Тутмос II кој тогаш имал 12 години. Поради роднински врски и мешањето на крв тој бил и физички и ментално заостаната личност. Хатчепсут и покрај тоаму родила 2 ќерки Нефру-Ра и Мерит-Ра-Хатчепсут. Бидејќи не му подарила машки наследник тој со друга жена Изис добил син познат по името Тутмос III. За да се осигура за опстанокот опстанокот на владетелската лоза Нефру-Ра како и својата мајка се омажила за својот полубрат Тутмос III. Во времето на смртта на Тутмос II неговиот наследник Тутмос III бил малолетен така што Хатчепсут била законскиот владетел.Хатчепсут била првата жена која била крунисана со сите свечености како крал а не кралица и ги добила сите пет почесни имиња на фараон што ни една кралиица пред а ни подоцна не и успеало. Се облекувала и се однесувала како машко.

Хатшепсут одлучила да биде погребана со својот татко Тутмос I и во Долината на кралевите. Во врска со поврзувањето со Долината е ископан тунел долку повеќе од 700 м и околу 300 м под земјата Нејзиниот саркофаг е пронајден но во него не била нејзината мумија туку мумијата на една принцеза од 21-та династија. Околностите на нејзината смрт биле сомнителни но по истражувањата сепак се смета дека умрела од природна смрт. Последниот запис е на 10-от ден 6-от месец во 22 година од владеењето кога дознале дека жената-фараон починала. Невозможно е да се зборува за големата кралица а да не се спомне нејзиниот верен слуга, архитект и пријател Сененмут. Неговиот татко и служел на кралското семејство, а и тој самиот и бил многу верен на Хатчепсут. Дури тој бил и задолжен за нејзината приватна одаја и се зборувало дека меѓу нив имало и нешто повеќе од пријателство. Се зборувало и дека нејзината прва ќерка е всушност негова но тоа никогаш не е потврдено. Неговото изненадно исчезнување од дворската сцена во најмала рака бил чуден, бидејќи решенијата се неразрешени до ден-денес.