Прејди на содржината

Харзефелд

Координати: 53°27′0″N 9°30′0″E / 53.45000° СГШ; 9.50000° ИГД / 53.45000; 9.50000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Харзефелд
Црквата во Харзефелд со паркот
Црквата во Харзефелд со паркот
Црквата во Харзефелд со паркот
Грб на Харзефелд
Харзефелд во рамките на Германија
Харзефелд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Штаде
Општ. заед. Харзефелд
Месни единици 4
Градоначалник Харалд Кецинг (СДП)
Основни податоци
Површина 51,81 км2
Надм. височина 38 м
Население 14.696 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 284 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. STD
Пошт. бр. 21698
Повик. бр. 04164
Портал www.harsefeld.de
Местоположба на Харзефелд во рамките на округот Штаде
Карта
Карта
Координати 53°27′0″N 9°30′0″E / 53.45000° СГШ; 9.50000° ИГД / 53.45000; 9.50000

Харзефелд (германски: Harsefeld; долногермански: Ha(r)sfeld) — општина во округот Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Од 1104 до 1648 година во местото постоел истоимениот манастир, кој бил значаен бенедиктански манастир. Подоцна низ вековите бил административно седиште на амтот Харзефелд, а денес на општинската заедницата Харзефелд.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Харзефелд се наоѓа помеѓу градовите Штаде, Букстехуде и Цефен, оддалечен 34 километри од метрополитенската област на Хамбург.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Кон општината Харзефелд припаѓаат следниве места:

  • Харзефелд
  • Гримсхорст
  • Холенбек (со Клајн Холенбек)
  • Исендорф
  • Рушведел
  • Вајсенфелде

Местата Гримсхорст и Вајсенфелде историски припаѓале на Харзефелд, додека останатите биле припоени со административната реформа на 1 јули 1972 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1104 година бил основан манастирот Харзефелд, тогаш во рамките на Војводското Саксонија. Откако се поделило војводството во 1180 година, Харзефелд припаѓал на Архиепископијата Бремен. Во средината на XVI век, кога повеќето жители од архиепископијата го прифатиле лутеранството, манастирот останал упориште на католицизмот.

Во 1648 година, архиепископијата била претворена во Војводство Бремен, кое било владеена со личен сојуз од шведската круна. Новите владетели го распуштиле манастирот и повеќето градби пропаднале по 1648 година. Од 1715 година, Хановерската династија го владеела војводството. Во 1807 година, војводството било припоено од Кралството Вестфалија, пред Франција да го анектира во 1810 година. ВО 1813 година, војводството било вратено на Изборното кнежевство Хановер, кое станало Кралство Хановер во 1814 година.

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]