Фросина (филм)
Изглед
„Фросина“ | |
---|---|
Фросина | |
Режисер | Воислав Нановиќ |
Сценарист | Владо Малески |
Главни улоги | Мери Бошкова Ацо Јовановски Љупка Џундева Петре Прличко Илија Џувалековски Стојка Цекова Кирил Ќортошев |
Жанр | драма |
Музика | Трајко Прокопиев |
Дистрибутер | Кино Култура |
Премиера | 28 јуни 1952 |
Времетраење | 79 мин. |
Земја | СР Македонија |
Јазик | македонски |
Фросина — првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Претставен е во 1952 г. Снимател бил Киро Билбиловски, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“[1]. Главната улога, ликот на мајката, го толкува Мери Бошкова, а во другите улоги играат Ацо Јовановски, Петар Вељановски, Предраг Наѓа и други.
Филмот е снимен во црно-бела техника, со времетраење од 79 минути, со стандардна техника на 35 милиметри. Жанрот е социјална драма, која ја обработува темата на печалбарскиот живот, војната и трагичниот живот на една мајка.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Мери Бошкова како Фросина
- Ацо Јовановски како Климе
- Љупка Џундева како Љуба
- Илија Џувалековски како Крсте
- Петре Прличко како Кузман
- Киро Винокиќ како Лин
- Стојка Цекова како Метијанка
- Борис Бегинов како Ефтим
- Лидија Дебарлиева како Вета
- Кирил Ќортошев како Каравил
- Петар Вељановски како Јане
- Томо Видов како Крсте
- Тодор Николовски
- Перица Цветковски како малиот Климе
- Наѓа Регин
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Филмот "Фросина" полни 50 години“. Посетено на 2012-09-02.[мртва врска]
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |