Прејди на содржината

Франшиза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Франшизата претставува популарен начин да се отпочне бизнис, бидејќи нуди поголема сигурност во работењето. Кога ќе се купи франшиза, се станува дел од голема организација со сите предности што одат со неа. Рекламирањето на поширок регион со реклами подготвени од централата е само дел од предностите. Купувачот на франшизата плаќа договорена сума, а за возврат добива право да:

  • Продава извесен производ или услуга.
  • Користи некое заштитно име.
  • Користи заштитни знаци.
  • Техника на операција или технолошки процес којшто го поседува продавачот на франшизата.

Успехот на франшизата повикува на континуиран однос помеѓу продавачот и купувачот на истата. Купувачот на франшизата се согласува да одржи определени стандарди на операциите специфицирани од продавачот, а продавачот за тоа добива процент од продажбата на производот-услугата и обезбедува проширување на својот бизнис како на локално така и на глобално ниво.

Историјат на франшизата

[уреди | уреди извор]

Зборот франшза потекнува од стариот францускиот јазик и значи привилегија или слобода. Во Средниот век франшизата била привилегија или право. Во тие денови локалните владетели или господари издавале дозволи за стопанисување со пазарите и панаѓурите, раководење со локалниот превоз или за лов на нивната земја. Овој концепт се проширил на доделување франшиза за секаков вид на комерцијални активности како градење на патишта, варење на пиво и др.

Co тек на време франшизинг концептот се развивал исто како што се развивала и економијата во светот. Во 1840 год. во Германија одредени производители на пиво издале франшиза на неколку гостилници да го служат нивното пиво, и ексклузивно право да го продава. Ова се почетоците на концептот на франшизинг каков што го знаеме сега.[1] Архивирано на 31 август 2008 г.

Во 1851, Сингер компанија за производство на машини за шиење, почнала да дава франшизи за дистрибуција на нивните машини. Тој имал потпишано франшизки договор за дистрибуција, која претставува предвесник на модерниот франшизки договор. Во 1880 градовите почнале да даваат монополски франшизи на транвајските компании и за искористување на водата, канализацијата, гасот и подоцна струјата.

До крајот на минатиот век франшизата претставувала само право на дистрибуција и продажба на мануфактурни добра. Бизнис обликот на франшизингот, кој претставува, доменантен облик денес, пристигнал на економската сцена после Втората светска војна со враќањето на милионите американски војници и жени и подоцнежниот бебе бум (бабѕ боом). Тогашниот бебе бум сѐ уште ја води економијата и ќе продолжи да го прави тоа сè до следниот век. Во тој период се јавила голема потреба за сите видиви на производи и услуги, и франшизингот претставувал идеален бизнис модел за рапидно ширење на бизнисот на хотелите и мотели и на индустријата за брза храна. За време на експанзијата во бОтите и 70-тите имало многу злоупотреби на франшизингот. Имало голем број на лажни франшизинг компании кои ги земале парите на луѓето и исчезнувале, голем број на компании исто така биле слабо управувани и банкротирале, оставајќи зад себе ланец на пропаднати франшизисти кои изгубиле се. Станало јасно дека франшизинг индустрија морала да се смени, за да остане остварлив бизнис концепт. Се основала Меѓународна фрашизинг организација (International Franchise Association1 со намера да се подигне нивото на целата индустрија. Интернационална франшзерска асоцијација држела обука за сите аспекти на франшизата, со цел да се истакне профисионалноста во индустријата. Членовите на (International Franchise Association) [2] морале стиктно да се придржуваат кон кодексот и етиката кои поставуваат висок стандард.

Од страна на владината регулатива, Федералната трговска комисија, во 1978, создава регулатива и со тоа го обврзува франшизер да поднесува до секој потенцијален купувач на франшизата, документ, кој е наречен (Uniform Offering Circular или UFOC)[3] Архивирано на 4 мај 2009 г., пред да прими какви било пари од страна на куггувачот на франшизата. Овој докумет содржи детални информации за франшизинг компанијата, како за нејзината историја, информации за нивното работење, легислативна историја, финансиски извештаи, франшизиски договори, кој претставува договорот помеѓу франшизерот и франшизистот и список на сите поседувачи на франшизата со нивните имиња и телефонски броеви. Во интерес на (UFOC) е да овозможи доволно информации за да проспективните купувачи на франшизата можат да направат информиран избор. Исто така постојат многу земји кои имаат свои побарувања кои треба да се исполнат пред да може франшизерот да добие дозвола да ја продава франшизата во таа земја. Денеска фрашпизингот е високо регулирана индустрија која нуди големи можности на тие индивидуалци кои вистински сакаат да го реализираат својот сон и да се впуштат во бизнис за нив самите.

Што претставува франшизата

[уреди | уреди извор]

Франшизата претставува континуирано сродство помеѓу продавачот на франшизата (франшизерот) и купувачот на франшизата (франшизистот), во коешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.

Франшизата е деловен брак помеѓу два субјекта кои остануваат правно независни. Практично со франшизата се врши трансфер на технологија на работењето. Франшизата е продавање на некој вид know-how, но не од технички аспект, туку од деловен, кој се пренесува преку прирачник (Operating Manual) и е деловна тајна. Знаењето може да се пренесува и усно, преку обука и со консултации. Постојат повеќе типови на франшизинг договори, кои се користат во индустријата и кои датираат од различен период од развојот на економијата во светот.

Договор за дистрибутерство (право на дистрибуција). Овој франшизинг концепт се развил прв и одлика на оваа работење е тоа што дилерите имаат право на дистрибуција на производитеод производителот, а за тоа плаќаат надомест.

Договор за синџипести бизниси — купувачот на франшизата работи под заштитно име на продавачот на франшизата и е член на издвоена група на дилери која ја офорормува работата на давателот на франшизата. Купувачот на франшизата следи стандардизирани или пропишани постапки и е обврзан да работи исклучително со продавачот на франпшзата во набавка на материјали и залихи.

Договор за производство или производни објекти -. Дилерот добива од франшизерот формула или есецијална состојка за производство на производот и има ексклузивно право да го дистрибуира во одредена област на големо или на мало во зависност од франшизерот. Овој тип на франшоза има широка употреба во индустријата на безалкохолни пијалаци.

Бизнис формат на франшиза — овој тип на франшиза не само што дава право на купувачот на франшизата да го користи името на фрншизерот и да ги продава неговите производи и услуги туку го пренесува и целиот начин на водење на бизнисот, кој е воспоставен од страната на франшизерот. Поконкретно пренесување на сите оперативни планови, технички експертизи, маркетинг планови, работилници, менаџмент методи и сите релевантни информации. Поради тоа бизнис формата на франшизинг е најуспешен метод на дистрибуирање на добра и услуги во економската историја на планетата земја.

Предности и недостатоци на франшизата

[уреди | уреди извор]

Главните предности на франшизинг-системот

[уреди | уреди извор]
  1. Co користење на франшизинг-системот се намалува ризикот од евентуален неуспех на новите претпријатија, бидејќи веќе развиените и стабилни претпријатија им продаваат франшиза на други, новоотворени претпријатија. Практиката во САД укажува дека во првите пет години од работата пропаѓаат 80% од новоотпочнатите бизниси, a со франшизинг-системот на работење дури 97% од започнатите бизниси успеваат да опстанат (овој процент варира во зависност од годината кога е правено истражувањето, но предноста на франпгазата останува).
  2. Сите клучни операции во процесот на производството и продажбата (дизајнот и стандардизираноста на производите и нивниот квалитет, заштитниот знак, рекламата итн.) претставуваат разработен систем на работа. Ова влева надеж за успешноста на работењето на новото претпријатие во франпгазинг-системот. Тука е и предноста во давањето на know-how во работата, вклучувајќи и финансиски средства.
  3. Претприемачот има пристап до сите техники, па не му треба големо искуство во работењето, односно тој може веднаш да отпочне со работа.
  4. Шпекулациите и манипулациите во работењето се минимални, бидејќи постои систем на финансиска и сметководствена контрола од страна на продавачите на фрашпизата, така што купувачот на франшизата е сигурен во исправноста на своето работење.
  5. Предноста на франшизинг-системот се состои и во можноста да се привлечат поголем број потрошувачи отколку што се тоа одделните претприемачи и да се борат во конкуренција со останатите големи претпријатија.
  6. Продавачите на франшиза овозможуваат добивање различни консултантски услуги, реклама, обука на менаџерите, маркетинг итн., што е многу корисно за самостојните претприемачи, особено на почетокот на нивната работа. Тука се вклучени и процесите на развој и истражувачката работа, односно активности кои самите претприемачи не би можеле да ги извршуваат поради низа лимитирачки фактори.
  7. Голема предност за купувачот на франшиза е можноста за добивање финансиска помош, преку финансирање на почетните активности во работењето, при купување опрема и сл. Тука е и помошта во продажбата, маркетингот, во планирањето и во предвидувањето на продажбата.
  8. Продавачот на франпшза обично помага при изборот на адекватни локации, со што се зголемува можноста за поголем успех, што поединечните претприемачи честопати не можат да го обезбедат.
  9. Од страната на франшизерот предности на франшизингот во однос на отворање на сопствена фирма се: помали капитални вложувања, зголемена мотивација на менаџментот и брза експанзија на бизнисит многу побрза доколку би се користел сопствени ресурси.

Главни неповолности на франшизинг-системот

[уреди | уреди извор]
  1. Продавачот на франшиза диктира темпо и поставува правила на однесување, кои мораат строго да се почитуваат. Претприемачите стануваат зависни. Тие се повеќе менаџери отколку претприемачи, односно го губат својот индентитет, бидејќи со долгогодишни договори цврсто се врзани во системот.
  2. Бидејќи условите за работење ги поставува продавачот на франшизата, очигледно се јавува нерамноправност при донесувањето одлуки.
  3. Договорот честопати го ограничува трансферот на сопственоста, што значи дека корисникот на франшизата не може секому да ја пренесе својата сопственост над одредена франшиза.
  4. Купувачот на франшиза може да биде оштетен бидејќи согласно договорот опремата и суровините мора да ги купува само од фирми одобрени од давателот на франшизата, иако можеби на пазарот има поевтина набавна цена.
  5. Проблемите во франшизинг-системот се заемни и за купувачот и за продавачот, бидејќи се поврзани во еден единствен систем на работа и дејствување. Тоа значи дека со лошото работење на купувачот на франшизата ќе му се наштети на угледот на продавачот на франшизата и обратно.
  6. Се смета дека со франшизинг-системот се зголемуваат трошоците на работата за 2-6% (според американските искуства), то ест останува фактот дека почетните инвестиции во овој систем се помали, но дека на подолг рок постојните трошоци се поголеми отколку кога претприемачите би работеле сами.
  7. Корисникот на франшизата му плаќа одреден процент на продавачот од годишниот профит, со што го намалува сопствениот профит.
  8. Најновите истражувања ја побиваат тезата дека франшизите се сигурни, a независните бизниси се несигурни од аспект на долготрајност.
  9. Недостатоци за франшизерот се: намалената контрола, делењето на профитот и зголемената оперативна помош што ја пружа на франшизистот.

Во нашата земја постојат скромни искуства по прашање на купување на франшиза, како што се: Пивара од Скопје со Coca Cola, Пивара од Прилеп со Pepsi Cola, McDonald’s, Holiday Inn, некои производители на цигари, козметички салони, школи за учење на англискиот јазик и сл.

Заклучок

[уреди | уреди извор]

За многу луѓе сонот за вработување и финансиска независност се реализирал со купување франшиза. За многу други тоа купување донело тага и финансиска пропаст. Да се купи франшиза е потег кој мора темелно да се испита. Иако постои правна заштита во развиените земји, најдобра стратегија за превентива од овој проблем е исцрпното прибирање информации и строго водење на евиденција за секоја точка од договорот, бидејќи непочитување на некоја клаузула може да значи и крај на франшизата. Од друга страна со манипулативно однесување можно е одделни точки од договорот да се искористат за да се одземе франшиза, за некој друг да профитира или да заземе поволна локација.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]