Ифеани Фестус Езили Ндулуе (21 октомври1989 во Бенин) — нигериски професионален кошаркар. Тој настапувал за колеџот Вандербилт во периодот 2008–2012 пред да биде избран како 30. пик од страна на Голден Стејт Вориорс на драфтот во 2012 година.[1] Во Голден Стејт останал четири сезони и со екипата го освоил шампионскиот прстен во 2015.[2] Во летото 2016 Езили потпишал за екипата на Портланд Трејлблејзерс но поради повреда на левото колено ја пропуштил цела 2016–17 сезона. Раководството на Портланд по крајот на сезоната го раскинало договорот со Езили.[3]