Фердинанд Ходлер
Фердинанд Ходлер Ferdinand Hodler | |
---|---|
Самопортрет, 1912 | |
Роден(а) | 14 март 1853 Берн, Швајцарија |
Починал(а) | 19 мај 1918 Женева, Швајцарија | (возр. 65)
Националност | швајцарска |
Познат(а) по | сликарство |
Правец | симболизам |
Фердинанд Ходлер (14 март 1853 Берн – 19 мај 1918 Женева) бил Швајцарски сликар од 19 век.
Роден е како најстаро од шесте деца. Неговиот татко, Жан Ходлер, водел скромен живот како столар, неговата мајка Маргарита потекнувала од земјоделското семејство. Холдер се родил во Берн, но се преселил во Женева и тука со 19 години ја започнал својата сликарска кариера. Негово дело претежно содржило пејзажи, портрети и фигурални композиции.
Во последните денови од својот живот се сврстува во редовите на сликарската сеценсија и симболизмот. Го развивал сопствениот стил кој го нарекувал паралелизам кој се одликува со формирање на симетрични фигури, како во танц. Со своите дела го наговестил правецот на експерсионизам во сликарство во XX век.
1889 година се оженил со Берта Жаксе (Berthe Jacques) и со неа имал син Хектор кој бил основач на светскиот есперанто сојуз. Тој често му позирал на својот татко, или гол или, облечен во неприродни пози, иако тоа не е медицински потврдено се претпоставува дека тоа го влошило неговото здравје, и тој умрел на 33 години од животот.
Во 1914 година Холдер го осудил германскиот варварски напад на Ремс, и поради тоа ги отстранил своите слики од германските галерии. Умрел во 1918 година.