Фармакокинетика
Фармакокинетика е наука за кинетиката на апсорпцијата, дистрибуцијата, метаболизмот и екскрецијата на лековите.
Повеќе различни модели се развиени со цел да се поедностави концептуализацијата на многуте процеси кои се одвиваат при интеракцијата помеѓу организмот и лекот. Еден од овие модели, повеќепросторниот модел, дава најдобра апроксимација на реалноста; сепак поради комплексноста на овој модел, еднопросторниот и двопросторниот модел се најчесто користени.
Краток преглед
[уреди | уреди извор]Фармакокинетиката опишува како организмот влијае на специфичен ксенобиотик/хемиска супстанца после администрација преку механизмите на апсорпција и дистрибуција, како и метаболичките промени на супстанцата во организмот (на пр. метаболизам посредуван од ензимите цитохром P450 или гликуронозилтрансфераза), и ефектите и патиштата на екскреција на лекот.[1] Фармакокинетските особини на лековите се засегнати од патот на администрација и дозата. Тие може да влијаат на брзината на апсорпција.[2]
Метрика
[уреди | уреди извор]Параметар | Опис | Пример | Симбол | Формула |
---|---|---|---|---|
Доза | Количество на администриран лек. | 500 mg | Дизајн-параметар | |
Дозен интервал | Време помеѓу две последователни администрации на лекот. | 24 h | Дизајн-параметар | |
Cmax | Максималната плазматска концентрација на лекот после негова администрација. | 60.9 mg/L | Со директно мерење | |
tmax | Времето потребно да се постигне Cmax. | 3.9 h | Со директно мерење | |
Cmin | Најниската концентрација која лекот ја достигнува пред да се администрира наредната доза. | 27.7 mg/L | Со директно мерење | |
Волумен на дистрибуција | Привиден волумен во кој лекот се дистрибуира (т.е., параметар кој се однесува на плазматската концентрација на лекот во однос на вкупната количина на лек во организмот). | 6.0 L | ||
Концентрација | Количество на лек во даден волумен на плазма. | 83.3 mg/L | ||
Полувреме на елиминација (или време на полуживот) |
Времето потребно за намалување на плазматската концентрација на лекот за половина. | 12 h | ||
Константа на брзината на елиминација | Стапка со која лекот се отстранува од телото. | 0.0578 h−1 | ||
Брзина на инфузија | Брзина на инфузија потребна да се урамнотежи елиминацијата. | 50 mg/h | ||
Површина под крива | Интегралот на кривата плазматска концентрација-време (по единечна доза или во динамичка рамнотежа). | 1,320 mg/L•h | ||
Клиренс | Волумен на плазма од кој лекот се елиминира во единица време. | 0.38 L/h | ||
Биорасположливост | Системски достапна концентрација на лек. | 0.8 | ||
Флуктуација | Флуктуација помеѓу максималната и минималната плазматска концентрација за време од еден интервал на дозирање во состојба на динамичка рамнотежа | 41.8 % | каде | |
[ | ]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Pharmacokinetics. (2006). In Mosby's Dictionary of Medicine, Nursing & Health Professions. Philadelphia, PA: Elsevier Health Sciences. Retrieved December 11, 2008, from http://www.credoreference.com/entry/6686418
- ↑ Knights K, Bryant B (2002). Pharmacology for Health Professionals. Amsterdam: Elsevier. ISBN 0-7295-3664-5.
|