Клубот е основан во 1879 година и претставува најстариот професионален фудбалски клуб од Лондон кој заиграл во фудбалската лига.[1] Досега, клубот има поминато 26 сезони во највисокото ниво на англискиот фудбал, а поголемиот дел од нив во два периоди во текот на 1960-тите и 2000-тите години. Во текот на 1990-тите клубот играл во четвртата англиска дивизија, меѓутоа веќе на почетокот на новиот милениум експресно се вратиле во првата лига. За тоа бил најзаслужен египетскиот милионер Мохамед Ал-Фајед кој го преземал Фулам во најлошиот период од клупската историја (1994-1997) и успеал да спречи финансиска пропаст, за веќе во наредните четири години клубот да забележи четири последователни промоции во периодот од 1997 до 2001 година и да влезе во Премиер лигата. Во сезоната 2002-2003, Фулам дебитирал во европските натпреварувања каде го освоиле Интертото купот (победувајќи ја по двата финални натпревари Болоња со вкупен резултат 5-3) и така се избориле за настап во Купот на УЕФА. Во ова натпреварување поминале два круга, меѓутоа во третиот ги сопрела екипата на Херта. Во својата историја Фулам одиграл две важни финалиња: првото во 1975 година во ФА купот каде загубиле од Вест Хем Јунајтед со 2-0 и во 2010 кога загубиле од Атлетико Мадрид со 2-1 по продолженија во УЕФА Лига Европа.[2]
Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Крејвен Котиџ, кој е со капацитет од 25,700 седечки места. Боите на клубот се белата и црната, а најчесто играат во бели дресови и црни шорцеви. Најголем соперник им е екипата на Челси.
Фулам е основан во 1879 година како Фулам Сент Ендрјус Чрч Сандеј Скул ФК[3], од страна на верниците од црквата на Стар Роуд (Западен Кенсингтон). Во 1887 година клубот го освоил Западнолондонскиот аматерски куп, a во 1983 година ја освоил Западнолондонската лига.[4] Првиот дрес на клубот бил во црвена боја со бели шорцеви и чорапи. Откако промениле неколку терени на кој играле, во 1986 фудбалерите на Фулам се преселиле на Крејвен Котиџ, теренот кој и ден денес е нивниот домашен стадион. Првиот натпревар на овој стадион го одиграле против екипата на Минерва. Во моментов, Фулам е еден од најстарите клубови во јужна Англија кој игра на професионално ниво.
Професионалниот статус клубот го добил на 12 декември 1898 година, а истата година влегле во Втората Дивизија на Јужната лига. Во сезоната 1902-1903, избориле промоција во Првата Дивизија на Јужната лига.
↑1879 according to the club historyАрхивирано на 13 ноември 2013 г. on the official website and 1886/7 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 18 October 2009. Посетено на 27 July 2009. according to 'How a church's cricket and football club became Fulham Football Club' – Morgan Phillips 2007.