Прејди на содржината

Универзитет во Поатје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Универзитет во Поатје
Université de Poitiers
ВидЈавен
Основан1431
ПретседателЖан-Пјер Жесон
Административен кадар
2.300
Студенти24.000
МестоПоатје, Франција
http://www.univ-poitiers.fr/
Грбот на Универзитетот на Поатие

Универзитетот во Поатје (француски: Université de Poitiers) е универзитет кој се наоѓа во Поатје, Франција.

Историја

[уреди | уреди извор]

Универзитетот е основан во 1431 година од страна на Папата Евгениј IV за време на владеењето на кралот Шарл VII, Универзитетот во Поатје најпрво бил составен од 5 факултети: теологија, канонско право, цивилно право, медицина и уметности.

Во 16. век, универзитетот извршил силно влијание врз културниот живот во градот и бил на второ место по оној во Париз. Од 4.000 студенти во тоа време, некои станале познати: Франсоа Рабле, Рене Декарт, Франсис Бекон и др.

По привременото затворање за време на Француската револуција кога биле укинати универзитетите во внатрешноста, Универзитетот во Поатје повторно проработел во 1896. Се отвориле и катедри по наука и книжевност.

Организација

[уреди | уреди извор]
Зградата на Универзитетот (ENSI Poitiers)

Универзитетот ги покрива сите поглавни академски домени преку своите 14 оддели, институти и школи:

  • Истражувачки оддели
    • Оддел за право и општествени науки
    • Оддел за економија
    • Оддел за основни и применети науки
    • Оддел за книжевност и јазици
    • Оддел за хумани науки и уметности
    • Оддел за спортски науки
    • Оддел за медицина и фармација
  • Школи
    • Виша инженерска Националната школа од Поатје (École Nationale Supérieure d'Ingénieurs de Poitiers - Higher National Engineering School of Poitiers) (ENSIP)
  • Институти
    • Политехника од Поатје (IUT)
    • Политехника од Ангулем
    • Институт за Бизнис Администрација (IAE)
    • Институт за Комуникација и Нови Технологии (ICOMTEC)
    • Подготвителен Институт за Општа Администрација (IPAG)
    • Институт за Индустриски, Безбедносни и Финансиски Ризици(IRIAF)

Во 2005 правниот факултет е рангиран на второ најдобро место од страна на француското списание "l'étudiant".

Точки на интерес

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Coimbra Group Предлошка:IRUN Предлошка:Public Universities in France


Предлошка:France-university-stub