Прејди на содржината

Танц во град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танц во градот
Творец Пјер Огист Реноар
Година 1883
Вид Маслена слика на платно
Место Музеј Орсе, Париз

Танц во град ― слика на францускиот уметник Пјер Огист Реноар.[1] Делото од 1883 година е во збирката на Музејот Орсе.[2] Танчери се моделот и уметник Сузан Валадон и пријателот на Реноар, Пол Огист Лот.[3]

Ова дело, заедно со придружните парчиња „Танц во село“ и „Танц во Буживал“, е произведено по нарачка на трговецот со уметности Пол Дуранд-Руел. Сите три биле насликани во 1883 година, на кои имало две лица кои танцуваат во различни средини (иако жената во „Танц во село“ е моделирана од Алин Шариго, подоцна сопругата на Реноар).[4]

  1. Peter Schjeldahl (7 февруари 2012). „Renoir at The Frick: Go See "Dance at Bougival". The New Yorker. Condé Nast. Посетено на 21 јануари 2021.
  2. „Pierre Auguste Renoir: City Dance, Country Dance“. Музеј Орсе. 2006. Посетено на 21 јануари 2021.
  3. Sebastian Smee (18 мај 2012). „At MFA, dancing the night away in the arms of Renoir“. The Boston Globe. Посетено на 24 јануари 2015.
  4. „Dance in the City by Pierre Auguste Renoir“. Painting-Planet. Посетено на 21 јануари 2021.