Тава (дрво)
Тава | |
---|---|
Тава | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Ловоровидни |
Семејство: | Ловори |
Род: | Бајлшмидија |
Вид: | Тава |
Научен назив | |
Beilschmiedia tawa (A.Cunn.) Kirk |
Тава (науч. Beilschmiedia tawa) е новозеландско широколисно дрво кое вирее насекаде при крајбрежните краишта на централниот дел од земјата. Зборот „tawa“ е маорското име на дрвото. Тавата често е дрвото со доминантна крошна во ниските шуми на Северниот остров и североисточниот дел на Јужниот остров, но често создава и поткрошна во големите шуми ширум земјата под ногоплодите како кахикатејата, матаито, мирото и римуто. Дрвото расте до 30 м или повеќе во височина, а пречникот на трупот му достигнува до 1,2 метри. Дрвото има мазна темна кора.
Тава дрвото дава мали, незабележителни цветови, а по нив и плодови со боја на темноцрвена слива и должина од 2-3,5 см. Со неговите големи плодови, ова дрво е познато по тоа што истото зависи исклучиво од птицата кереру (новозеландски гривјак) и (кога е таму), северноостровскиот кокако за разнесување на семето. Ова се единствените преживеани птици од првобитната новозеландска биота, доволно голема за да може да ги јаде овие семиња, да ги свари, а потоа да исфрли измет. Тавата исто така може да поддржува значајни епифитни градини под нивние крошни.
Населбата Тава во градот Велингтон го носи името на ова дрво.
Употреба
[уреди | уреди извор]Ова дрво е едно од ретките тврди дрва во земјата кои даваат добар дрвен материјал. Дрвото може да се употребува, меѓу другото, и за привлечни и еластични дрвени подови. Во дивината овие дрва се забранети да се сечат, освен кога се самите паднати, и тоа со посебна дозвола.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кратко научно предавање за екологијата на дрвото тава Архивирано на 9 февруари 2013 г. (англиски)
Извори
[уреди | уреди извор]- H.H. Allan, 1961. Flora of New Zealand Vol. 1. Government printer.
- J. Dawson and R. Lucas, 2000. Nature guide to the New Zealand Forest. Godwit.