Прејди на содржината

Стратовулкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Везув во близина на Неапол, Италија, избув од 79 година. Последниот избув на овој стратовулкан се случил во 1944 година.

Стратовулкан, познат и како композитен вулкан,[1]конусен вулкан изграден од многу слоеви на стврдната магма, тефра, пловец и вулканска пепел. За разлика од штитестите вулкани, стратовулканите се одликуваат стрмен изглед и периодични експлозивни избуви и изливни избуви, иако некои од нив имаат урушени кратери наречени казанлоци. Лавата која истекува од стратовулканите вообичаено се изладува и стврднува набргу по изливањето поради големата вискозност. Магмата која истекува претежно е киселиозни, поседувајќи високи до средни нивоа на силициум (како во риолитот, дацитот или андезитот), со помали количества на помалку вискозната мафична магма. Огромни изливи на киселиозни истеци на магма се ретки, но можат да изминат и 15 км.[2]

Стратовулканите се понекогаш наречени „композитни вулкани“ поради нивниот композитна слоевита структура создадена од последователни изливи на избувен материјал. Тие се меѓу најчестите видови на вулкани, за споредба со помалку застапените штитести вулкани. Два познати стратовулкани се Кракатау, познат по неговиот избув во 1883 година и Везув, познат по неговиот избув од 79 година кога се уништени градовите Помпеја и Херкуланеум. Двата избуви одземале илјадници животи. Во современието, катастрофични избуви имаат Сент Хеленс и Пинатубо.

Постоењето на стратовулканите не е докаќано на други земјолики тела во Сончевиот Систем[3] со еден исклучок. Нивното постоење било предложено кај некои изолирани масиви на Марс, пр., Зефира Толус.[4]

Создавање

[уреди | уреди извор]
Пресек на подвлекувачката зона и надоврзаниот стратовулкан.

Стратовулканите се чести крај подвлекувачките зони, образувајќи ланци по должината на тектонските граници каде океанската кора се провлекува под континенталната кора (континентален лачест вулканизам, пр. Каскади, централни Анди) или пак друга океанска кора (островски вулканизам, пр. Јапонија, Алеутски острови). М;агмата која ги создава стратовулканите се издигнува кога водата заробена во хидризираните минерали и порозниот базалт од погорниот дел на океанската кора се ослободува во плаштот односно во астреносферата над тоначкото парче океанска кора. Ослободувањетпо на водата од хидризираните минерали се нарекува „обезводнување“, и се случува при определени притисоци и температури за секој минерал, како што плочата тоне се подолу. Водата ослободена од карпите ја намалува температурата на точката на топење за карпите од плаштот, по што следува делумно растопување и издигнување кон површината пшоради помалата густина од соседните карпи, и привремено се насобира во основата на литосферата. По ова магмата се издигнува низ кората, збогатувајќи се соп силициумови карпи, штои доведува до конечниот среден состав. Кога магмата се приближува до површината, се насобира во магматско огниште под или во вулканот.

Тука, релативно нискиот притисок дозволува водата и другите волатилности (воглавно CO2, SO2, Cl2 и H2O) растворени во магмата да избегаат од растворот, на сличен начин кога отвораме шише со газирана вода, ослободувајќи CO2. Еднаш кога ќе се насобере критична зафатнина на магма и гас, пречката (каменестата блокада) на вулканската купа че се надмине, доведувајќи до ненадеен експлозивен избув.

Непогоди

[уреди | уреди извор]
MЕтна на островот Сицилија, во Италија.
Фуџи на Хоншу (горе) и Унзен на Кјушу (доле), два јапонски стратовулкани.

Во забележанбата историја, експлозивните избуви кај вулканите покрај подвлекувачките зони се најголемата опасност за цивилизацијата.[5] Стратовулканите покрај подвлекувачките зони, како што се Сент Хеленс, Етна и Пинатубо, вообичаено избиваат со експлозивна сила: магмата е толку густа што недозволуваат бегање на гасовите. Како последица на огромните внатрешни притисоци на заробените гасови остануваат во пастестата магма. По пробивот на магматското огниште магмата се ослободува од гасовите експлозивно. Гасовите и водата го напуштаат вулканот со голема брзина и сила.[5]

Од 1600 година, близу 300.000 луѓе се убиени од вулканските избуви.[5] Најмногу смртонсти се предизвикани од пирокластичните текови и лизгањето на земјиштето, смртоносните непогоди кои најчесто ги проследуваат експлозивните избуви кај стратовулканите покрај подвлекувачките зони. Пирокластичните текови се брзоподвижни, лавинообразни, земјослиени, огнени мешавини од жежок вулкански отпад, пепел, магматски делови и суперзагреани гасови кои можат да патуваат со брзини кои надминуваат 160 км/ч. Околу 30.000 луѓе настрадале од пирокластични текови за време на избувот на Мон Пеле на островот Мартиник на Карибите во 1902 година.[5] Во март и аптрил 1982 година, три експлозивни избуви на Ел Чичон во мексиканската држава Чијапас, ја предизвикал најстрашната вулканска катастрофа во истортијата на земјата. Селата во округ од 8 км на вулканотбиле уништени од пирокластичните текови, убивајќи повеќе од 2.000 луѓе.[5]

Два од декадните вулкани кои избиле во 1981 година обезбедуваат доказ за стратовулканските непогоди. На 15 јуни, Пинатубо исфрлил облак од пепел со висина од 40 км во воздухот и создал големи пирокластични текови и текови на лахар кои обезличиле голема област околу вулканот. Пинатубо, на 90 км од Манила, бил во мирување 600 године пред избувот од 1991 година, и се смета за еден од најголемитеизбуви во XX век.[5] Исто така во 1991 година, јапонскиот вулкан Унзен, со местоположба на островот Кјушу 40 км источно од Нагасаки, се активирал по 200 годишно мирување за создавајќи нова магматска купа на својот врв. На почетокот на јуни, неколкукратното урушување на купата создало текови на пепел кои се слизнувале по рабовите на планината со брзина од околу 200 км/ч. Унзен е еден од 75-те активни вулкани во Јапонија, избувот од 1972 година убил повеќе од 15.000 луѓе, најстрашната несреќа во историјата на земјата.[5]

Во 79 година избувот на Везув, стратовулкан кој надвиснува над Неапол, целосно ги препокрил старите градови Помпеја и Херкуланеум со талозите од пирокластичните и магматските текови. Во несреќата настрадале меѓу 13.000 и 26.000 но точниот број останува непознат. Везув се смета за еден од најопасните вулкани, поради неговите силни експлозивни избуви и големата густина на население во непосредна близина (околу 3 милиони луѓе).

Пад на пепел од вулканот Пинатубо од 15 јуни 1991 година, кој наликува на снежни врнежи.

Покрај влијанието на климата, вулканските облаци од експлозивните избуви е опасност за авионскиот сообраќај.[5] На пример, за време на избувот на Галунггунг на Јава во 1982 година, летот 9 на Бритиш Ервејс влетал во облак од пепел, при што му настрадале привремено моторите и имал структурни оштетувања. В текот на минатите две декади, повеќе од 60 авиони, најчесто патнички авиони, настрадале при средбите со вулканската пепел во облаците. Некои од овие средби предизвикале откажување на сите мотори, по што се јавувала потреба за вонредни слетувања. За среќа, до денес не се има случено пад на авион поради летање во облак од вулканска пепел.[5] Пепелот е закана и за здравјето кога ќе биде вдишан, а е воедно е и опасност за имотот доколку се наталожи во поголеми количини. Натрупувањењ од околу 30 cm е доволно да предизвика урушување. Густите облаци на жешка вулканска пепел, предизвикани од урушувањето на избувниот столб или пак ќе биде исфрлен од делумното урушување на вулканскиот отвор или пак купата за време на експлозивниот избув, по што ќе се создадат опустошувачки пирокластични текови кои можат да збришат се пред себе.

Мајон, создава текови на магма за време на својот избув на 29 декември 2009 година.

Тековите на магма од стратовулканите вообичаено не се значајна закана за луѓето поради својата голема вискозност, магмата се движи споро со што се овозможува луѓето да се тргнат од нејзиниот тек. Тековите на магмата се поголема опасност за имотите. Сепак, не сите стратовулкани избиваат со вискозна, густа магма. Њирагонго е многу опасен поради својата магма која содржи многу малку силициум, што ја прави доста течна. Течните магми се поврзуваат со создавањето на штитести вулкани како оние на Хаваи, но Њирагонго има многу стрмни рабови при штотековите можат да имаат и брзина од 100 км/ч. Ваквите текови можат да го стопат мразот и ледниците кои се натрупале над кратерот на вулканот, со што ќе се создадат масивни лахарни текови. Ретко, вака течната лава може да создаде масивни фонтани од лава, додека пак лавата со поголема вискозност може да се стврдне во внатрешноста на кратерот, создавајќи чеп што ќе предизвика високоексплозивен избув.

Вулкански бомби

[уреди | уреди извор]

Вулканските бомби се исфрлени огнокарпести камења со мголемини од прилика колку книга или пак мал автомобил, кои се експлозивно исфрлени од стратовулканите за време на нивните повремени избувни фази. Овие „бомби“ можат да изминат и 20 км од вулканот, и се ризик за зградите и животите, патувајќи со многу големи брзини (стотина километри на час) низ воздухот. Повеќето бомби не експлодираат непосредно по ударот, но поседуваат доволно енергија за да делува како да експлодирале.

Каливи текови

[уреди | уреди извор]

Калливите текови (наречени и реки од отпад или лахари, јавански поим за вулканските каливи текови) се мешавини од вулкански изливи и вода. Водата потекнува од два извори: дожд или пак од стопен снег и мраз поради топлиот вулкански излив, како што е лавата. Зависно од односот и температурата на водата со вулканскиот материјал, каливите текови можат да бидат брзотечовити, супести поплави па сè до густи, лепливи текови кои наликуваат нба влажен бетон.[5] Како што каливите текови се спуштаат надолу по стрмните страни на стратовулканот, поседуваат сила и брзина да срамнат и затрупаат се пред себеси. Топлата пепел, текови на лава и пирокластичните текови од избувот на Невадо дел Руис во Колумбија во 1985 година го стопиле мразот и снегот на овој Андски вулкан на надморска висина од 5.321 m. Текјовите на кал кои следеле по настанот го затрупале ближниот град Армеро, убивајќи 25.000 луѓе.[5]

Климатски дејанија

[уреди | уреди извор]
Избувот на Рокатенда набљудуван од вселената.

Како и во претходните примери, и жртвите и настанатата штета од избувите на вулканот Унзен во минатото, дејството на избувот на вулканот Пинатубо во јуни 1991 година имале светско дејание. Нешто пониски температури биле забележани низ светот, и сјајните зајдисонца и силните изгрејсонца биле предизвикани од честичките во атмосферата, овој избув се издигнал многу високо во стратосферата. Аеросолите кои се создале од сулфур диоксид (SO2), јаглерод диоксидот (CO2) и други гасови кои се распрснале низ светот. Масата на SO2 во овој облак од 22 милиони тони смешан со водата (од вулканско и стратосферско влијание) создале капки на сулфурна киселина, блокирајќи дел од сончевата светлина да пристигне до тропосферата и површината. Ладењето во некои од областите се мисли дека изнесувало и до 0,5 °C.[5] Избув со големина како онаа на Пинатубо може да влијае на светската клима неколку години, материјалот исфрлен од вулканот во стратосферата постепено започнува да паѓа во тропосферата, каде е однесен од дождот ии врнежите од облаците.

Сличен, но невообичаено помоќна појава се случила во катаклизмичниот избув на Тамбора во април 1815 година на островот Сумбава во Индонезија. Избувот на Тамбора се смета за најмоќниот избув о поновата историја. Вулканскиот облак од овој избув ги снижил светските температури за 3,5 °C.[5] Годината која следела по избувот, летата на северната полутопка биле проследени со доста пониски температури. Во делови на Европа, Азија и Северна Америка, 1816 година била позната како „година без лето“, што предизвикало значајно намалување на земјодејското производство и кратко, но неподносливо гладување.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1.  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)
  2. „Garibaldi volcanic belt: Garibaldi Lake volcanic field“. Catalogue of Canadian volcanoes. Geological Survey of Canada. 2009-04-01. Архивирано од изворникот на June 26, 2009. Посетено на 2010-06-27.
  3. Barlow, Nadine (2008). Mars : an introduction to its interior, surface and atmosphere. Cambridge, UK: Cambridge University Press. ISBN 9780521852265.
  4. Stewart, Emily M.; Head, James W. (1 August 2001). „Ancient Martian volcanoes in the Aeolis region: New evidence from MOLA data“. Journal of Geophysical Research. 106 (E8): 17505. doi:10.1029/2000JE001322.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)