Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сребреново (Сребърново) живееле 30 Арнаути муслимани,[2] иако веројатно се работи за албанизирани Македонци-муслимани судејќи по етничкиот состав на соседните села. Од друга страна, според Миленко Филиповиќ, кој пишува во 1940 г., селото веќе одамна не постои. Во Стеблево е зачувано предание за иселување во Италија. Меѓутоа, исчезнувањето не е одразено во турскиот катастар и затоа многу стеблевци плаќале данок како жители на Сребреново.[1]