Срам (филм од 1968)
Срам (шведски: Skammen) - шведски филм од 1968 година, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Лив Улман, Макс фон Сидов, Сиге Фирст и Гунар Бјернстранд. Во 1969 година, филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во категоријата за најдобар странски филм, а вкупно освоил девет филмски награди.[1]
. ]]
Содржина
[уреди | уреди извор]Ева (ја игра Улман) и Јан Розенберг (го игра фон Сидов) се музичари кои живеат повлечен живот на еден остров, додека околу нив се заострува воената атмосфера. Тој е чувствителен и нестабилен, а таа посакува да има деца. Кога започнува војната, нивната куќа е зафатена од воените дејствија и тие безуспешно се обидуваат да го напуштат островот. Подоцна, кога владината армија ја враќа контролата врз островот, тие се уапсени како соработници со непријателот. Сепак, градоначалникот Јакоби (го игра Бјернстранд) ги ослободува, но набргу тој започнува често да ја посетува нивната куќа. При една посета, Јакоби им остава голем износ пари. Истовремено, тој води љубов со Ева, а Јан го открива нејзиното неверство. Тогаш, во нивната куќа доаѓаат герилците. Иако Јакоби може да си го спаси животот ако им даде пари, Јан ги крие парите, а потоа го убива Јакоби. Истовремено, герилците ја палат нивната куќа. Подоцна, на имотот доаѓа дезертиран млад војник кој бара да му помогнат, но Јан го убива. Најпосле, Јан и Ева се качуваат на чамец, со намера да избегаат од островот, но чамецот бесцелно плови по морето.[2]