Прејди на содржината

Солен поход

Од Википедија — слободната енциклопедија
Солен поход
Ганди ги води своите следбеници на познатиот Солен поход за да ги прекрши британските закони за сол.
Датум12 март 19306 април 1930
МестоСабармати, Ахмедабад, Гуџарат, Индија

Солениот поход, Солениот марш или Данди-маршот — една од епизодите на Ненасилниот граѓански отпор (сатјаграха) во Индија, кога од 12 март до 6 април 1930 година, Махатма Ганди со 79 негови следбеници пешачеле од Сабармати Ашрам во Ахмедабад (Гуџарат), Западна Индија, до брегот на Арапското Море во близина на селото Данди.[1] По завршувањето на походот долг 390 километри, за време на кој сè повеќе следбеници се придружувале на групата демонстранти, неговите учесници пркосно почнале да прават сол преку испарување на морската вода. Во исто време, како знак на кршење на колонијалниот солен монопол, учесниците на Солениот поход не го платиле данокот за сол.[2]

По правењето на солта преку испарување во Данди, групата се преселила на југ по должината на брегот, продолжувајќи го своето дејство против данокот за сол, со намера да преземе мерки во фабриката за сол во Дарасана. Меѓутоа, неколку дена пред предложеното дејствување, ноќта меѓу 4 и 5 мај, Ганди бил уапсен. Настаните од Солениот поход, кој траел само 24 дена, го привлекле вниманието на гласилата и јавноста ширум светот, додека големиот Ненасилен граѓански отпор (сатјаграха) против солениот монопол траел речиси една година, завршувајќи со ослободувањето на Ганди. Вкупно, повеќе од 80 илјади Индијци биле уапсени и затворени како одраз на „солената сатјаграха“ („сатјаграха“ = вид ненасилен отпор). Походот имал голема пропагандна вредност и ги поставил темелите за масовен поход на граѓанска непослушност против британските колонијални власти во Индија, давајќи им поттик на нови протести против даноците за сол.[3]

  1. „Salt March“. Oxford Encyclopedia of the Modern World. Oxford University Press. 2008. ISBN 978-0-19-517632-2. Посетено на 4 January 2021.
  2. Editors, History com (2022-08-29). „Salt March“. HISTORY (англиски). Посетено на 2022-09-27.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  3. «Mass civil disobedience throughout India followed as millions broke the salt laws», from Dalton’s introduction to Gandhi’s Civil Disobedience. Gandhi & Dalton, 1996, стр. 72.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]