Сауришија
Сауришии | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Надред: | Диносауруси |
Ред: | Сауришија |
Subgroups | |
|
Сауришија (што значи „гуштероколковни“ од грчки саурос (σαῦρος) што значи „гуштер“ и ишион (ἴσχιον) што значи „колк“)[1] — една од двете основни поделби на диносаурусите (другата е Орнитишија). Во 1888 година, Хари Сили класифицирани диносаурусите во две реда, врз основа на нивната карлична структура.[2] Денес повеќето палеонтолози сауришија ја класифицираат како клада, наместо ред.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Сите месојадни диносауруси (одредени видови на троподи) традиционално се класифицираат како сауришијци, како и сите птици и една од двете примарни лози на тревојади диносауруси, сауроподоморфите. На крајот на креда, сите сауришии освен птиците исчезнале при кредопалеогенското изумрување. Според филогенетската класификација, птиците како директни потомци на една група терподни диносауруси, се подклад на сауриски диносауруси.[4]
Сауришките диносауруси традиционално се разликуваат од орнитишиските диносауруси по својата тритракна карлична структура, со пубис насочен напред. Пубисот на карлицата на орнитишијците е насочен наназад, паралелен со ишиумот, честопати исто така и со процес на насочување нанапред, давајќи тритрактна структура. Сауриската структура на колкот го натерала Сили да ги именува „гуштерокарлични“ диносауруси, бидејќи тие ја задржале анатомијата на колк на своите предци, исто така, пронајдена кај современите гуштери и други влекачи. Тој ги именувал орнитишите „птичјокралични“ бидејќи поставеноста на нивите колкови била површно слична со онаа на птиците, иако тој не предложил никаква специфична врска помеѓу орнитишите и птиците. Меѓутоа, според гледиштето кое долго време опстојало, оваа поставеност на карлицата еволуирала неколку пати независно кај диносаурусите, најпрво кај орнитишите, потоа во лозата на сауришијци, вклучувајќи птици (Авиали), и на крај во теризиносаурусите. Ова тогаш би бил пример за конвергентна еволуција. Авијалците, теризиносаурусите и орнитиските диносауруси развиле слична анатомија на колкот независно едни од други, најверојатно како прилагодување на нивната тревојадна или сештојадна исхрана.[5]
Класификација
[уреди | уреди извор]-
Карлична структура на Сауришии
-
Карлица на Орнитишија
Во својот труд во кои ги именува двете групи, Сили ги разгледал претходните шеми на класификација изнесени од други палеонтолози за да се подели традиционалниот поредок Диносаурија. Тој ја претпочитал класификацијата на Готониил Чарлс Марш од 1878, во која диносаурусите се поделени во четири редови: Сауропода, Теропода, Орнитопода и Стегосаурија (денес сè уште се користат овие имиња во поголемиот дел на ист начин да се однесуваат на подредови или клади во Сауришија и Орнитишија).[2]
Сили, сепак, сакал да создаде класификација каде што ќе ја земе предвид единствената примарна разлика помеѓу главните диносауриски групи заснована врз одликите што ги разликува од другите влекачи. Ова го откил во поставеноста на карличните коски и откри дека сите четири редови на Марш може да се поделат уредно во две големи групи врз основа на оваа одлика. Тој ги сместил Стегосауријата и Орнитоподата во Орнитишија и Тероподата, а Сауроподата во Сауришија. Подоцна Сили ја искористил оваа разлика во коските на колкот, заедно со многу други забележани разлики помеѓу двете групи, за да тврди дека „диносаурусите“ воопшто не биле природна групација, туку дека биле повеќе два различни реда кои произлегле независно од попримитивните архосауруси.[2] Овој концепт дека „диносаурусот“ е застарен термин за два различни реда опстанал долги години во научната и популарната литература сè до 60тите години на 20. век, кога научниците почнале повторно да ја разгледуваат можноста дека сауријците и орнитисите можат да бидат поблиску поврзани едни со други отколку што биле до другите архосауруси.
Иако неговиот концепт за полифилетичка Диносаурија повеќе не е прифатен од повеќето палеонтолози, основната поделба на Сили за двете диносауриски групи опстанал и била поддржана од модерната кладистичка анализа на односите меѓу диносаурусите.[6] Кладата Еузауришија, била наменета за најмалку инклузивната група што содржи сауроподоморфи (претставени од Цетиосаурус) и тероподи (претставени од Неорнитес). Секој сауришиец што се разидувал пред поделбата на теропод-сауроподоморф, е надвор од кладата Еузаурихија.[7]
Една алтернативна хипотеза што се противи на класификацијата на Сили била предложена од Роберт Т. Бакер во неговата книга „Ереси на диносаурусите“ од 1986 година. Класификацијата на Бакер ги разделила троподите во нивната сопствена група и ги сместил двете групи тревојади диносауруси (сауроподоморфите и орнитичарите) заедно во посебна група, која тој ја именувалфитодиносауријата.[8] Хипотезата за фитодиносаурија делумно се засновала на претпоставената врска помеѓу орнитичарите и прозауроподите и идејата дека првите еволуирале директно од вторите, најверојатно преку енигматично семејство кое се чинело дека поседува особености од обете групи, сегносаурусите.[9] Сепак подоцна било откриено дека сегносаурусите се невообичаен вид тревопасен теропод сауришијан тесно поврзан со птиците со што се загубил интересот за хипотезата за фитодиносаурија.
Студија од 2017 година на Метју Грант Барон, Дејвид Б. Норман и Пол М. Барет не ја поддржала идејата за монофилетична Сауришија согласно нејзината традиционална дефиниција. Наместо тоа, било откриено дека групата била парафилетична, со што Теропода отстранети од групата и се сместуваат сестринската група Орнитишија во ново дефинирани клада Орнитоселида. Како резултат, авторите ја редефинирале сауришијата како „најинклузивната клада која содржи Диплодокус, но не и Трицератопс“, што резултираше во тоа да кладата ги содржи само сауроподоморфи и херерасауруди.[10][11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Oxford English Dictionary
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Weishampel, D.B., Dodson, P., and Osmólska, H. (eds.). (2004). The Dinosauria. 2nd edition. University of California Press, Berkeley. 833 pp.
- ↑ Padian, K. (2004). „Basal Avialae“. Во Weishampel, David B.; Dodson, Peter; Osmólska, Halszka (уред.). The Dinosauria (Second. изд.). Berkeley: University of California Press. стр. 210–231. ISBN 978-0-520-24209-8.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Weishampel, David B.; Dodson, Peter; Osmólska, Halszka (eds.) (2004). The Dinosauria, Second Edition. University of California Press., 861 pp.
- ↑ Weishampel, D. B., Dodson, P., & Osmólska, H. (Eds.). (2007). The dinosauria. Univ of California Press.
- ↑ Bakker, R. T. (1986). The Dinosaur Heresies. New York: William Morrow. p. 203. ISBN 0-14-010055-5.
- ↑ Paul, G.S. (1988). Predatory Dinosaurs of the World, a Complete Illustrated Guide. New York: Simon & Schuster. 464 p.
- ↑ Baron, M.G., Norman, D.B., and Barrett, P.M. (2017). "A new hypothesis of dinosaur relationships and early dinosaur evolution". Nature, 543: 501–506. doi:10.1038/nature21700.
- ↑ https://www.cam.ac.uk/research/news/new-study-shakes-the-roots-of-the-dinosaur-family-tree