Руеви
Руеви | |
---|---|
Индиски орев | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Сапуновидни |
Семејство: | Руеви (R.Br.) Lindl. (1831) |
Типски род | |
Индиски орев (Anacardium) | |
Родови | |
во текстот. |
Руевите (науч. Anacardiaceae)[1] — семејство на цветни растенија што дава јаткасти плодови и во некои случаи го создава раздразнувачот урушиол. Во семејството влегуваат многу родови, од кои неколку се од стопанско значење. Попознати растенија се индискиот орев, мангото, рујот и дрвото марула. Родот Ф’стак (Pistacia) (каде спаѓаат ф’стакот и мастиковото дрво) денес обично се вклучува во семејство, но понекогаш и во своја семејство Ф’стаци (Pistaciaceae).[2]
Некои родови
[уреди | уреди извор]Actinocheita
Anacardium (индиски орев)
Androtium
Antrocaryon
Apterokarpos
Astronium (=Myracrodruon)
Baronia
Bonetiella
Bouea
Buchanania
Campnosperma
Cardenasiodendron
Choerospondias
Comocladia
Cotinus
Cyrtocarpa
Dracontomelon
Drimycarpus
Ebandoua
Euleria
Euroschinus
Faguetia
Fegimanra
Gluta
Haematostaphis
Haplorhus
Harpephyllum
Heeria
Holigarna
Koordersiodendron
Lannea
Laurophyllus
Lithraea
Loxopterigium
Loxostylis
Malosma
Mangifera (манго)
Mauria
Melanochyla
Metopium
Micronychia
Montagueia
Mosquitoxylum
Nothopegia
Ochoterenaea
Operculicarya
Ozoroa
Pachycormus
Parishia
Pegia
Pentaspadon
Pistacia (ф’стак)
Pleiogynium
Poupartia
Protorhus
Pseudoprotorhus
Pseudosmodingium
Pseudospondias
Rhodosphaera
Rhus (руј)
Schinopsis
Schinus (пиперово дрво)
Sclerocarya (марула)
Semecarpus
Smodingium
Solenocarpus
Sorindeia
Spondias
Swintonia
Tapirira
Thyrsodium
Toxicodendron (отровен руј)
Trichoscypha
Опис
[уреди | уреди извор]Растенијата од семејството се дрва и грмушки кои се многу отровни, напати со смолест или млечен сок што оддава непријатна реа.[3] Каналите за смола во внатрешната влакнеста кора внатрешниот влакнопроводниот систем во стеблата, корењата и листовите се својствени за сите членови на семејството; каналите за смола во меката срцевина се среќаваат кај многу видови, а кај неколку вида истите се сместени во главната срцевина или обичната кора. Мошне застапени во семејството се и танинските пазувки.[4]
Листовите се наизменични (ретко спротивни)[5] и немаат прилисници.[3]
Цветовите растат на крајот од гранката или стебленцето, или пак од прав агол на местото кајшто листот излегува од стебленцето, и има прицветници.[3] Цветовите се двополови и машки кај некои растенија, и двополови и женски кај други, или пак цветови што имаат и прашници и плодници (т.н. „совршени“). Венчето има 3 до 7 пресечени чашкини ливчиња и ист број на венечни ливчиња (некои и без нив), кои се преклопуваат на пупката. Прашниците се или двојно повеќе или исто колку венечните ливчиња.
Плодовите ретко се отвораат при зрелост[3] и најчесто се јаткасти.[5]
Семените обвивки се многу тенки и налик на кора. Имаат малку или воопшто немаат ендосперм. Котиледоните се месести.[5] Семињата се поединечни, без белка околу зародишот.[3]
Екологија
[уреди | уреди извор]Семејството највеќе изобилува во потопли краишта, а во умерените предели живеат само малку видови.[5] Ваков пример се гроздестиот руј (Rhus coriaria) и влакнестиот руј (Cotinus coggygria) кои се автохтони во Република Македонија[6] и јужна Европа.
Употреба
[уреди | уреди извор]Извесни членови на семејството даваат индиски ореви, ф’стаци и други плодови како мангото и марулите.[3]
Некои видови имаат вискозна течност што поцрнува и се користи како премаз и за бојадисување.[3] Јадливите оревчиња од ова семејство се сметаат за благотворни за мозокот.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Наречена по рујот (Rhus). Доколку строго се следи научниот назив Anacardiaceae, тогаш народното име на родот би било „индиски ореви“
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Natural System of Botany (1831), pages 125-127
- ↑ Systematic Anatomy, (1908), стр. 244-248
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Northern United States (1897), стр. 25
- ↑ Руј“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1287.
- Solereder, Dr. Hans (1908). Boodle, F.L.S., L. A.; Fritsch D.Sc., Ph.D., F.L.S., F. E.; Scott, M.A., LL.D., Ph.D., F.R.S., D. H. (уред.). Systematic Anatomy of the Dicotyledons, A Handbook for Laboratories of Pure and Applied Botany. Volume I, Introduction, Polypetalae, Gamopetalae. Oxford: Clarendon Press. Посетено на 2009-04-11.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- Müller, Hermann; Knuth, Dr. Paul; Davis, James Richard Ainsworth (1908). „XXXII. Order Anacardiaceae“. Handbook of Flower Pollination Based Upon Hermann Müller's Work ‘The Fertilisation of Flowers by Insects’. Volume II, Ranunculaceae to Stylidieae. Oxford: Clarendon Press. стр. 258–259. Посетено на 2009-04-11.
- Britton, Ph.D., Nathaniel Lord; Brown, Hon. Addison (1897). An Illustrated Flora of the Northern United States, Canada and the British Possessions From Newfoundland to the Parallel of the Southern Boundary of Virginia, and from the Atlantic Ocean Westward to the 102D Meridian. Volume II, Portulacaceae to Menyanthaceae. Charles Scribner's Sons. Посетено на 2009-04-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Руеви на Викивидовите ?
- Руеви (Anacardiaceae) Архивирано на 15 април 2022 г. - „Дрво на животот“ (англиски)
- Руеви (Anacardiaceae) Архивирано на 27 јануари 2021 г. - TopWalks (англиски)
- Руеви (Anacardiaceae) Архивирано на 15 март 2005 г. - Л. Вотсон и М.Џ. Фалвиц (1992-) (англиски)