Република на пиратите
Република на пиратите | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1706–1718 | |||||||||
Jolly Roger | |||||||||
Главен град | Насау | ||||||||
Говорени јазици | Англиски | ||||||||
Вероисповед | Пуританизам | ||||||||
Уредување | 'Код на однесување' | ||||||||
Историски период | Златно доба на пиратството | ||||||||
• Established | 1706 | ||||||||
• Disestablished | 1718 | ||||||||
Површина | |||||||||
1718 | 13.878 km2 (5,358 sq mi) | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Бахами |
Република на пиратите е номенклатура за базата или тврдината раководена од пиратите во Насау на островот Њу Провиденс, на Бахамите, во текот на околу единаесет години од 1706 до 1718 г. Иако не е република во формална смисла, таа била регулирана со свој неформален 'Кодекс на однесување'. Активностите на пиратите предизвикале хаос со трговијата и превозот во Запдна Индија, додека гувернерот Вудес Роџерс стигна во Насау во 1718 г. и ја обнови Британската контрола.
Историја
[уреди | уреди извор]Ерата на пиратите на Бахамите започнала во 1696, кога пиратот Хенри Евери го донел неговиот брод Фенси во Насау харбор натоварен со плен опљачкан од трговски бродови на Индиската Империја. Евери го подмитил гувернерот Николас Трот со злато и сребро, и со самиот брод Фенси, сè уште полн со 50 тони слонова коска и 100 барели барут. Со ова, Насау е претворен во база каде што пиратите можеле да работат безбедно, иако некои гувернери се обидувале да се спротивстават на пиратите. Гувернерите биле главни според законот, сепак пиратите станале помоќни.
Ерата на вистинската пиратска контрола се случила кога француско-шпанска флота го нападнала Насау во 1703 и повторно во 1706 година. Островот го напуштиле голем број од жителите, а англиските власти си заминале. Тогаш Насау го презеле англиските пирати. Пиратите нападнале француски и шпански бродови, додека француските и шпанските сили го изгореле Насау неколкупати. Пиратите во Насау ја оформиле својата република и воспоставиле своја власт. До 1713 била завршена Шпанската војна, но многу од британските гусари или не чуле за тоа, или нејќеле да го прифатат тоа.