Реквием, познат и како Реквиемска миса, Миса за мртвите (латински: Missa pro defunctis) и Миса на мртвите (латински: Missa defunctorum), е миса во католичката црква која се служи за спас на душите на еден или повеќе умрени луѓе. Обично, мисата се служи при погреб. Изразот „реквием“ означува слични церемонии и во другиет цркви, како што се англиканската црква и во некои лутерански цркви. Покрај тоа, зборот „реквием“ го означува и музичкото дело што се изведува за време на реквиемската миса. Во поширока смисла на зборот, „реквием“ претставува музичко дело поврзано со смртта, умирањето и жалоста, дури и кога не е поврзано со литургиска или религиска служба.[1] Изразот „реквием“ потекнува од првиот збор во реченицата „Дај им вечен спокој, о Боже“ (латински: Requiem aeternam dona eis, Domine), т.е. „Requiem“ е акузативна форма во еднина на латинската именка „requies“ која значи „одмор, спокој“