Прејди на содржината

Покрај казанот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Покрај казанот (српски: Kod kazana) - расказ на писателот Иво Андриќ.

Содржина

[уреди | уреди извор]

За време на своето краткотрајно школување во Рим, во една катакомба, калуѓерот Марко здогледува златен медалјон со ликот на младо момче и таа слика му се врежува длабоко во сеќавањето. Подоцна, по враќањето во Босна, тој упорно се прашува зошто постои зло меѓу луѓето и има голема желба да го поправи светот. Меѓутоа, тој не се одликува со големи способности така што не напредува во свештеничката кариера. Освен тоа, во последно време нему му се случуваат бројни непријатни работи: притворот во Травник, случката со разбојникот Иван Рошо, како и случката со девојката која сака да се потурчи. Сите тие случки внесуваат немир во неговата душа. Есента, за време на печењето на ракијата, во манастирот доаѓаат двајца јаничари. Притоа, едниот од нив, почнува да го расипува казанот и го налутува фра Марко, кој му се заканува со едно вжарено дрво. Тогаш, јаничарот пука во него и набргу фра Марко умира. Бидејќи не се одликува со посебни свештенички квалитети, во книгата на умрените калуѓери само ја запишуваат неговата смрт, без никакви други епитети. Сепак, ноќта, најстариот калуѓер во манастирот ги допишува збировите: „Тој го сакаше манастирот како својата душа. Нека се знае.“[1]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Четири раскази на Андриќ, „Во мусафирханата“, „Во занданата“, „Исповед“ и „Покрај казанот“, се посветени на католичкиот калуѓер Марко Крнета. Во нив, авторот сликовито го портретирал ликот на калуѓерот како суров селанец, човек на елементарната природа, но со невино срце зачудено пред злото со кое е обвиен светот. Притоа, Андриќ ја создава личноста на фра Марко супериорно интелектуално и несентиментално, но и без иронија кон неговата неученост и примитивност.[2]

  1. „Kod kazana“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 137-150.
  2. Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 163-164.