Пискупштина
Пискупштина | |
Поглед на дел од селото и мост над Пискупска Река | |
Координати 41°19′15″N 20°36′20″E / 41.32083° СГШ; 20.60556° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Дримкол |
Население | 145 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6337 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26039 |
Надм. вис. | 790 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Пискупштина на општинската карта Атарот на Пискупштина во рамките на општината | |
Пискупштина на Ризницата |
Пискупштина — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри. Од градот Струга е оддалечено 22 километри.[2]
Селото е вовлечено во долината на Пискупска Река и куќите се наоѓаат на обата брега на реката. Пискупштина е поделено на две маала: Груовско на левиот брег и Ѓеровско на десниот брег од реката.[3]
Селото се наоѓа во областа Дебарски Дримкол, во североисточните падини на планината Јабланица. Оддалечено е 32 километри јужно од Дебар.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Пискупштина е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Кале во атарот на селото.[4]
Во XIX век, Пискупштина било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото го основале односно го обновиле доселеници од Голо Брдо. По кажување на денешните жители, денешното село било напуштено, поради што луѓе од Голо Брдо дошле и го заземеле земјиштето. Кажуваат дека порано селото се наоѓало на месноста Старо Село, над Ѓеровското Маало, а некогаш постоеле куќи и на месноста Шелишници.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 348 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 139 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
Кај селото се откриени резерви од јаглен од околу 3,5 милиони тони и тој се експлоатира.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 30 домаќинства и 94 жители мажи.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пискупштина имало 165 жители.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пискупштина имало 176 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 249, а во 1994 година 256 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пискупштина живееле 182 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 135 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 8 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | 176 | 239 | 263 | 249 | 284 | 275 | 266 | 256 | 182 | 145 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
[уреди | уреди извор]Во селото постојат следниве родови: Ѓеровци (6 к.), побегнале од Стеблево поради Турците, кога дошол Петре пред 150 години; Груовци (3 к.), со гранка Бежановци (2 к.), дошол Живко од Стеблево, а потекнуваат од Подгорица во Црна Гора, викаат дека и Домазетовци во Јабланица се нивна гранка; Ѓутевци (1 к.), исто така од Стеблево, од каде дошол Дуко, а потекнуваат од Херцеговина; Кленковиќ (1 к.), потекнуваат од Клења во Голо Брдо; Анѓелковци (4 к.), исто така од Стеблево; Цацановци (2 к.); Дукиќи (3 к.); Бешковци (2 к.).[3]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Гоце Делчев“, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Јабланица[16]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Пискупштина, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Нерези. Во периодот 1950-1952 година, селото Пискупштина било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1891, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 197 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Кале — населба од средниот век
- Цркви[20]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
- Црква „Св. Јован Претеча“ — помала црква надвор од селото
- Реки[21]
- Пискупска Река — поминува низ селото, притока на Црн Дрим
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Свети Никола Летен — главна селска слава
- Преображение — селска слава
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Фудбалско игралиште во селото
-
Дел од селото погледнат од селските гробишта
-
Пискупска Река низ селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 235. Посетено на 25 ноември 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Филиповиќ, Мил. (1939). Дебарски Дримкол. Скопје: Јужна Србија. стр. 71–72.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Државно“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 494. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 25 ноември 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 ноември 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-07-24. Посетено на 25 ноември 2018.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 25 ноември 2018.[мртва врска]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 55. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пискупштина на Ризницата ?