Прејди на содржината

Олбернхау

Координати: 50°40′N 13°20′E / 50.667° СГШ; 13.333° ИГД / 50.667; 13.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Олбернхау
Градската црква во Олбернхау
Градската црква во Олбернхау
Градската црква во Олбернхау
Грб на Олбернхау
Олбернхау во рамките на Германија
Олбернхау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градоначалник Штефен Лауб (ДХС)
Основни податоци
Површина 70,41 км2
Надм. височина 440 м
Население 10.458 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 149 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 09526
Повик. бр. 037360
Портал www.olbernhau.de
Местоположба на градот Олбернхау во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°40′N 13°20′E / 50.667° СГШ; 13.333° ИГД / 50.667; 13.333

Олбернхау (германски: Olbernhau) — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на Рудните Планини, 35 километри југоисточно од Хемниц и 23 километри северно од Хомутов, во Чешка.

Историја

[уреди | уреди извор]

Веројатно, името на градот доаѓа од старогерманското име Алберт (Албернхав, Албертхау, Албернхау, Албретсхајн). Олбернхау потекнува од XIII век. Охрабрени од надбискупот Алберт I од Мајсен, т.н. Бели монаси од Осек ја основале првата населба во горната долина Флеа, кратко по откривањето на рудата овде. Олбернхау бил првпат споменат во 1434 година (како „Албернав“) во документ за продажба на Олбернхау на благородникот Каспар фон Бербисдорф.

Рударството започнало во 1511 година. Во времето на реформацијата Олбернхау станал парохија во 1539 година. Училиште за првпат е споменато во 1556 година. Цврсто изградената црква била осветена во 1590 година. Околу 1684 година била воведена индустријата за производство на оружје. Во 1690 година, била изградена првата ковачница во долината на Рунгшток, а во 1708 година работилницата за пиштоли испратила 12.000 пиштоли на саксонската армија. Во 1815 година, била основана фабрика за барут, која делумно била уништена во експлозии во годините 1835, 1850 и 1865. Последниот произведен пиштол од оваа фабрика бил во 1854 година.

Пуштањето на „Floehatalbahn“ во мај 1875, го поврзал Олбернхау со железничката мрежа. Градинка била изградена во 1878 години. Во 1880-тите, Олбернхау добил болница, гасовод и улично осветлување, а во 1892 започнала со работа првата електрична централа. Од 1895 сообраќале парни возови на дел од линијата помеѓу Олбернхау и Нојхаузен. На 1 јануари 1902 година, Олбернхау ги добил градските права. Во 1906 година, убавата арт деко концертна и балска сала „Тиволи“ била отворена. Јавниот базен бил отворен во 1930. Во 2002, една од најлошите поплави историјата на Флеха уништила делови на центарот на градот и многу куќи на речните брегови. Благодарение на многу приватни донации од цела Германија, поголемиот дел од огромните штети (проценети над 10 милиони евра) биле санирани за една година.

Олбернхау е популарно туристичко одредиште. Меѓу поголемите градски знаменитости се:

  • Воденицата „Althammer“, која еднаш ја посетил и рускиот цар Петар Велики
  • отворениот музеј „Saigerhütte“ (основан во 1493, технологија за преработка на руда и мали работнички куќи)
  • музеј, кој се наоѓа во поранешен дворец, нуди широк избор на информации за локалните традиции
  • „Tanz- und Ballhaus Tivoli“, сала за танц со арт деко прозорци
  • сликовитата црква во Обернојшенберг (осветена во 1695).

Вгнезден во убавата долина Флеха со нејзините шест поддолини, Олбернхау нуди прекрасни погледи и привлечни патеки за планирање и зимски спортови.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]