Прејди на содржината

Нил Седака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нил Седака
Нил Седака на настап во 2017
Животописни податоци
Роден(а)13 март 1939(1939-03-13)(85 г.)
Њујорк, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • пијанист
Инструменти
  • Пеење
  • пијано
Период на активност1957–денес
Издавачи
Мреж. местоneilsedaka.com

Нил Седака (англ. Neil Sedaka; роден на 13 март 1939 година) [1] ― американски пејач, текстописец и пијанист. Mузичката кариера ја започнал во 1957 година и во првата половина од 1960-тите имал низа хитови со што бил меѓу најпопуларните изведувачи во тоа време.

Седака имал успешна кариера и како текстописец за себе и за други музичари; напишал преку 500 песни меѓу кои и: „Stupid Cupid“ (Кони Френсис) и „Is this the Way to Amarillo“ (Тони Кристи). Бил примен во Куќата на славните на текстописците во 1983 година.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Нил Седака е роден во Бруклин, Њујорк. Неговиот татко, Мордехај Седака, имал либанско еврејско потекло,[2][3][4] а мајка му била Ашкенази Еврејка со полско и руско потекло.

Уште како дете Седака покажал талент за музика, а особено за свирење пијано. Во 1947 година, на само девет години, бил примен во познатата музичка школа „Џулијард“ во Њујорк, каде што стекнал класично музичко образование. Иако започнал како пијанист, Седака набрзо покажал интерес за популарната музика и за пишување текстови за песни.

Кога Седака имал 13 години, неговиот соседка го слушнала како свири и го запознала со нејзиниот 16-годишен син Хауард Гринфилд, кој сакал да стане поет и текстописец. Тие станале композитори во Брил Билдинг. Партнерството во пишување песни со Хауард ќе се покаже како клучно за неговиот успех, бидејќи Седака и Гринфилд напишале неколку од најголемите поп-хитови од тој период.

Во 1958 година, Седака потпишал со RCA Victor, а неговиот прв голем успех како соло-пејач го имал со песната „Oh! Carol“ (1959),[5] напишана за неговата поранешна девојка и позната пејачка Керол Кинг.[6][7][8]

Во периодот од 1960 до 1962 година, Седака имал низа топ-30 хитови со што станал една од најпопуларните поп-ѕвезди од тоа време. Неговите најголеми хитови од овој период биле: „Calendar Girl“, „Happy Birthday Sweet Sixteen“, „Breaking Up Is Hard to Do“ и „Next Door to an Angel“. Седака постигнал огромен успех не само во САД, туку и во Европа, а особено во Велика Британија.

Во 1964 година, кариерата на Седака започнала нагло да опаѓа, особено со пристигнувањето на Битлси на радио и ТВ, и остатокот од таканаречената британска инвазија. Во преостанатиот дел од неговиот договор со RCA Victor, Седака не успеал целосно да се опорави од последиците на Битлманијата. RCA одлучиле да не го продолжат неговиот договор по неговото истекување во 1966 година, по што Седака останал без издавачка куќа. Тој се повлекол од музиката како изведувач.[9] Сепак тој продолжил да пишува песни; две негови песни биле снимени од The Monkees, а „Make the Music Play“ била вклучена во албумот „Timeless “ од Френки Вали.

Во средината на 1970-тите, Седака направил голем камбек благодарение на новите хитови и соработки со изведувачи како Елтон Џон. Во 1974 година, Седака го објавил албумот „Sedaka’s Back“, кој содржел неколку хитови, меѓу кои „Laughter in the Rain“ и новата верзија од „Breaking Up Is Hard to Do“. Албумот „Sedaka’s Back“ беше плод на соработката со издавачката куќа на Елтон Џон, „Rocket Records“.

Седака, исто така, продолжил да пишува песни за други изведувачи. Кон крајот на 1972 година, продуцентот Стиг Андерсон му пришол на Седака за да напише стихови за сингл за новиот шведски поп-квартет тогаш познат како Бјорн и Бени, Агнета и Ани-Фрид. Седака се согласил, под услов песната да му се допадне. Андерсон, кој го напишал шведскиот оригинал заедно со текстописецот Бјорн Улвеус и композиторот Бени Андерсон, имал намера со песната „Ring Ring“ да учествува на натпреварот за песна на Евровизија во 1973 година и верувал дека со добри стихови на англиски јазик песната има потенцијал да стане меѓународен хит. Седака за неколку дена, заедно со Фил Коди,[10] ги напишал стиховите. Песната завршила на трето место на шведските евровизиски избори на 10 февруари 1973 година. Групата, која се преименувала во АББА, ја промовирала „Ring Ring“ како насловна песна од нивниот прв албум, издаден на 26 март 1973 година. Синглот се искачил на прво место во Шведска и во Белгија и се пласирал во топ-5 во најмалку четири други земји.[11] Подоцна Седака рекол дека „пишувањето текстови и продукцијата на АББА се во класа сами по себе“.[12]

Во 1976 година, Седака го издал третиот и последен албум со издавачката куќа од Елтон Џон, The Rocket Record Company, Steppin' Out. Седака потоа ја напуштил Рокет рекордс и потпишал со Електра рекордс со кои издал четири албуми. Седака ја напуштил Електра и потпишал со Curb Records. Снимил два албума со Curb - Come See About Me, албум со преработки, во 1983 година и The Good Times во 1986 година.

Седака бил примен во Куќата на славните на текстописци во 1983 година,[13] добил ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд и во октомври 2006 година бил примен во Музичката куќа на славните од Лонг Ајленд.

На 7 април 2006 година, додека настапувал во Ројал Алберт Хол, на Седака му била доделена наградата од Гинисовата книга на рекорди: Британски хит-синглови и албуми за компонирањето на „(Is This the Way to) Amarillo?“, најуспешниот сингл во Обединетото Кралство во 21 век (дотогаш).[14][15]

Биографскиот мјузикл „Смеа на дождот“, продуциран од Бил Кенрајт и Лори Менсфилд, со Вејн Смит како Седака, имал светска премиера во лондонската населба Бромли на 4 март 2010 година. Седака присуствувал на отворањето и ѝ се придружил на актерската екипа на сцената за импровизирана изведба на насловната песна. На 15 ноември 2013 година, Pacific Pioneer Broadcasters во Лос Анџелес му ја доделиле наградата „Гилмор“ за успешна кариера во музиката.[16]

Во април 2020 година, Седака започнал со серија бесплатни мини-концерти, објавувани преку неговите канали на социјалните мрежи, како метод за забавување на неговите обожаватели за време на пандемијата COVID-19. Секој дневен концерт содржел три песни од дискографијата на Седака.[17][18]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Позначајни песни како изведувач

[уреди | уреди извор]
  • „Oh! Carol“ (1959)
  • „Calendar Girl“ (1961)
  • „Breaking Up Is Hard to Do“ (1962); номинирана за Греми за најдобра R&R изведба [19]
  • „Laughter in the Rain“ (1974)
  • „Bad Blood" (1975); номинација за Греми за најдобра поп вокална изведба [20]
  • „Breaking Up Is Hard to Do“ (верзија од 1975); номинација за Греми награда за песна на годината [21]

Позначајни песни како текстописец

[уреди | уреди извор]
  • „Stupid Cupid“ од Кони Френсис, 1958
  • (Is This the Way to) Amarillo од Тони Кристи, 1971; најпродаван сингл во Обединетото Кралство за 2005 година
  • „Ring Ring“ (англиска верзија) од ABBA (прв сингл) (текстописец), 1973
  • „Solitaire“ од Карпентерс (текстописец) – 1975
  • „Lonely Night (Angel Face)“ од Captain & Tennille (1975) (текстописец)
  • „Love will Keep Us Together “ од Captain & Tennille (1975) (текстописец), номинација за Греми награда за песна на годината [22]
  1. „Saturday Night Beech-Nut Show (December 5, 1959) Neil Sedaka "Oh Carol". NRRArchives. December 5, 1959. Архивирано од изворникот на 2024-09-17. Посетено на September 7, 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Neil Sedaka timeline: The Year 1939“. Neilsedaka.com. January 2, 1939.
  3. Keeling, Neal (April 2014). „Neil Sedaka is back and ready to mix old and new music on autumn tour“. Manchester Evening News.
  4. „Thats when the music takes me by Neil Sedaka classic hit or miss“. Wfgr.com. September 24, 2013.
  5. „NEIL SEDAKA – full Official Chart History – Official Charts Company“. Officialcharts.com. Посетено на January 26, 2018.
  6. Curt Schleier (June 7, 2012). „Q&A: Neil Sedaka on Adele and Carole King – The Arty Semite – Forward.com“. The Forward. Посетено на March 19, 2013.
  7. James E. Perone (2006). The words and music of Carole King. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-275-99027-5.
  8. Michael Billig (June 1, 2001). Rock 'n' Roll Jews. Syracuse University Press. стр. 95. ISBN 9780815607052. Посетено на March 18, 2013.
  9. „Today's Mini-Concert – 7/16/2020“. YouTube. July 16, 2020. Архивирано од изворникот на 2023-07-16. Посетено на June 14, 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. Palm, C.M. (2002). Bright Lights, Dark Shadows. London: Omnibus
  11. ABBA won at Eurovision the following year with the song "Waterloo". Palm, C.M. (2002). Bright Lights, Dark Shadows. London: Omnibus
  12. Potiez, J.-M. (2000), ABBA: The Book. London: Aurum
  13. „Neil Sedaka at the Songwriters Hall of Fame“. Songwritershalloffame.org. Архивирано од изворникот на July 16, 2014. Посетено на September 28, 2014.
  14. „Anne Carlini official website“. Annecarlini.com. Посетено на September 28, 2014.
  15. "Still Keeping It Together" interview by Russell A. Trunk with Neil Sedaka for AnneCarlini.com, Russell Trunk's Exclusive Magazine. Retrieved 07/16/11.
  16. „Pacific Pioneer Broadcasters to Honor Sedaka – The Tolucan Times“. Tolucantimes.info. Архивирано од изворникот на July 1, 2014. Посетено на September 28, 2014.
  17. Gil, Baby A. „Rediscovering Neil Sedaka“. Philstar.com. Посетено на June 14, 2021.
  18. „Today's Mini-Concert – 1/4/2021“. YouTube. January 4, 2021. Архивирано од изворникот на 2023-07-16. Посетено на June 14, 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Grammy Awards: Neil Sedaka“. Grammy. November 23, 2020.
  20. „Grammy Awards: Neil Sedaka“. Grammy. November 23, 2020.
  21. „Grammy Awards: Neil Sedaka“. Grammy. November 23, 2020.
  22. „Grammy Awards: Neil Sedaka“. Grammy. November 23, 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]