Никола Минчев
Никола Минчев | |
---|---|
Претседател на Собранието | |
На должноста 23 септември 1968 – 6 мај 1969 | |
Претходник | Мито Хаџивасилев - Јасмин |
Наследник | Благоја Талески |
Лични податоци | |
Роден(а) | 2 ноември 1915 Кавадарци, Кралство Србија |
Починал(а) | 6 април 1997 Скопје, Македонија | (возр. 81)
Никола Минчев (2 ноември 1915 - 6 април 1997) ― македонски комунист, политичар и учесник во Народноослободителната војска на Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Основното образование го добил во Кавадарци, а Учителска школа завршил во Скопје пред Втората светска војна. Учителствувал во неколку села во Македонија, во времето на Кралство Југославија. Пред самата Втора светска војна, од 1940 година, бил учител во скопското село Љубанци.
Во Народноослободителната војска на Македонија се вклучил во 1941 година и станал член на КПЈ во 1943 година. Во текот на војната бил член на Месниот комитет на КПЈ за Кавадарци, командант на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ.
По ослободувањето, тој вршел низа раководни функции. Тој е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија (1945-1948), а потоа е потпретседател на Владата (1948-1951) и министер за финансии (1951). Бил член во собранијата на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија (1958-1962), претседател на македонската Влада (1965-1968) и на Народното собрание на Македонија (23 септември 1968 - 6 мај 1974)[1] во времето кога се создава Уставот од 1974 година во чие создавање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Мито Хаџивасилев |
Претседател на Собранието на Македонија 1968-1974 |
Наследник Благоја Талески |
|