Прејди на содржината

Мухамед Али

Од Википедија — слободната енциклопедија
Али во младоста
Мухамед Али
Медали
Бокс
Златен медал - прво место 1960 Рим тешка категорија

Мухамед Али (англиски: Muhammad Ali); родено име: Касиус Марселус Клеј Јуниор (Cassius Marcellus Clay, Jr.), 17 јануари 1942 - 3 јуни 2016) — американски боксер и поранешен трикратен светски првак во тешка категорија.

Али е роден во Луисвил, Кентаки како Касиус Клеј. Името го добил по татка си, Касиус Марселус Клеј Сениор., кој пак истото го добил по аболиционистот и политичар Касиус Клеј од XIX век. Клеј брзо видел оти како скромен боксер не се стигнува надалеку во бокс бизнисот, па затоа и им се потсмеваше на противниците, провоцирајќи ги. По освојувањето на неговата прва светска титула, Клеј чекореше низ рингот викајќи "I am the greatest!" - „Јас сум најдобриот!“.

Али си го променил името откако пристапил на Нацијата на Исламот во 1964, прво во сунитство во 1975 г. во суфизмот.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Caldwell, Deborah. „Muhammad Ali's New Spiritual Quest“. Beliefnet. Посетено на 2008-05-20.

Надворешни врски