Прејди на содржината

Мајна-Кинциг

Координати: 50°15′N 9°18′E / 50.250° СГШ; 9.300° ИГД / 50.250; 9.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајна-Кинциг
Main-Kinzig-Kreis
округ
Знаме на Мајна-КинцигГрб на Мајна-Кинциг
Карта
Земја Германија
ПокраинаХесен
Адм. подр.Дармштат
СедиштеГелнхаузен
Површина
 • Вкупна1,397,57 км2 (0,53.960 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно430.838
 • Густина310,000/км2 (800,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.MKK, GN, SLÜ, HU
Мреж. местоmkk.de
Карта на општините во Мајна-Кинциг

Мајна-Кинциг (германски: Main-Kinzig-Kreis) — округ во источниот дел на сојузната покраина Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Ветерау, Фогелсберг, Фулда, Бад Кисинген, Мајна-Шпесарт, Ашафенбург, Офенбах и безокружните градови Офенбах на Мајна и Франкфурт.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот е создаден во 1974 г. со спојување на дотогашните окрузи Ханау, Шлихтерн, Гелнхаузен и поранешниот градски округ Ханау. Ја опфаќа истата територија со некогашната грофовија Хесен-Ханау.

Географија

[уреди | уреди извор]

Името на округот доаѓа од двете главни реки во него. Мајна тече долж југозападниот агол на територијата. Кинциг, кој е притока на Мајна, тече низ целиот округ.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во 2017 г. БДП во округот по глава на жител изнесувал 34.185 евра.[2]

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Градови Општини
  1. Бад Зоден-Залминстер
  2. Бад Орб
  3. Брухкебел
  4. Вехтерсбах
  5. Гелнхаузен
  6. Ерлензе
  7. Лангензеболд
  8. Мајнтал
  9. Нидерау
  10. Ханау
  11. Шлихтерн
  12. Штајнау ан дер Штрасе
  1. Бибергеминд
  2. Бирштајн
  3. Брахттал
  4. Гриндау
  5. Гроскроценбург
  6. Зинтал
  7. Јосгрунд
  8. Линзенгерихт
  9. Нидердорфелден
  1. Нојберг
  2. Роденбах
  3. Ронебург
  4. Флерсбахтал
  5. Фрајгерихт
  6. Хамерсбах
  7. Хаселрот
  8. Шенек

Грбот е сплет од грбовите на претходните окрузи споени во 1974 г. Лебедот е преземен од округот Ханау и е старо обележје на неговите грофови. Орелот во левиот дел е земен од градот Гелнхаузен. Превезите во десниот дел се земеени од господарите на Хутен, кои го поседувале подрачјето околу Бад Зоден и Залминстер, порано дел од округот Шлихтерн.

  1. „Население на општините во Хесен“. Статистичка служба на Хесен. јуни 2023. (германски)
  2. „VGR der Länder, Kreisergebnisse für Deutschland - Bruttoinlandsprodukt, Bruttowertschöpfung in den kreisfreien Städten und Landkreisen der Bundesrepublik Deutschland 2000 bis 2017“. Statistische Ämter der Länder und des Bundes. Архивирано од изворникот на 2018-11-08. Посетено на 4 февруари 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

50°15′N 9°18′E / 50.250° СГШ; 9.300° ИГД / 50.250; 9.300