Манука
Манука | |
---|---|
Манука со иглички и цветчиња | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Миртовидни |
Семејство: | Мирти |
Род: | Тенкосемени |
Вид: | Манука |
Научен назив | |
Leptospermum scoparium J.R.Forst. & G.Forst. |
Манука или чајно дрво (науч. Leptospermum scoparium, маорски: mānuka) — грмушка или мало дрво кое потекнува од и расте во Нов Зеланд и југоисточна Австралија. Мануката вирее низ цел Нов Зеланд, особено во сувите краишта на источните брегови на Северниот Остров и Јужниот Остров, како и во Тасманија, Викторија и Нов Јужен Велс во Австралија[1][2][3]. Растението го добило името „чајно дрво“ бидејќи морепловецот Капетан Кук варел чај од неговите листови[4].
Мануката е плодородно дрво од типот на честаци и најчесто е првото растение кое успева да се расплоди на опустошено тло. Типично расте од 2 до 5 м во височина, но може и да нарасне во дрво со умерена големина до 15 м. Дрвото е зимзелено, со густи гранки и мали листови со должина од 7-20 мм и ширина од 2-6 мм, со краток жилест врв. Цветовите му се бели, но понекогаш и розови со пречник од 8-15 мм (поретко се среќаваат примероци и до 25 мм), со пет цветни ливчиња.
Стеблото му е цврсто и жилаво и затоа се користи за изработка на рачки за алати. Струготините даваат одлична арома кога се користат за пушење на месо и риба. Медот од неговите цветови има особен вкус и е потемен и побогат со арома отколку детелиновиот мед, и има голема антибактериска моќ. Во Нов Зеланд овој мед може да се најде во секоја продавница.
„Манука“ е маорското име на дрвото кое е во употреба во Нов Зеланд, додека името „чајно дрво“ се користи и во Нов Зеланд и во Австралија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Leptospermum scoparium“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. Посетено на 15 December 2017. (англиски)
- ↑ Derraik, José G. B. (2008). „New Zealand manuka (Leptospermum scoparium; Myrtaceae): a brief account of its natural history and human perceptions“ (PDF). New Zealand Garden Journal. 11 (2): 4–8. Посетено на 2 May 2016.
- ↑ Thompson J., (1988) A revision of the genus Leptospermum (Myrtaceae) Telopea 3(3): 301-449
- ↑ J. T. Salmon, The Native Trees of New Zealand, Reed, 1973. ISBN 0-589-01340-8
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Манука“ на Ризницата ? |
- Манука на Викивидовите ?
- Манука (Leptospermum scoparium var. scoparium) Архивирано на 17 февруари 2018 г. — Новозеландска мрежа за заштита на растенијата (NZPCN) (англиски)
- „Манука“ — Енциклопедија на живиот свет
- „Манука мед – чудото од Нов Зеланд“. Здравје и убавина.[мртва врска] (македонски)
|