Малинче
Малинче | ||
Родена | 1496 Коацакоалкос | |
---|---|---|
Починала | 1529 |
Малинали Тенепатл (шпански: Malinalli Tenépatl), позната и како Малинцин (шпански: Malintzin), Малинче (шпански: la Malinche) односно доња Марина (шпански: Doña Marina) била припадничка на племето Нахуа, денес познати како Ацтеки, која во текот на шпанското освојување на Мексико му слежила на Ернан Кортес како преведувач, посредник, а веројатно и како советник во односите меѓу Шпанците и домородните Ацтеки и Маи.
Од една страна, често е прикаѓувана како предавник, а од друга страна се смета за симбол на новото Мексико. Поради контроверзниот симболизам, статуата на Малинче, Кортес и нивниот син Мартин била отстранета скоро по нејзиното поставување, во 1982 година. Во Мексико терминот малинчиста (malinchista) означува нелојален Мексиканец, односно некој што е заслепен од странците, преминува на нивна страна и заборава на својот народ.
Животопис
[уреди | уреди извор]Малинче е родена меѓу 1496 и 1501 година,[1] во реонот меѓу Долината на Мексико и државата на Маите на Јукатан, во близина на денешниот град Коацакоалкос. Била припадник на племето Нахуа, денес познати како Ацтеки, кои себеси се нарекувале „мексикас“.[2]
Татко ѝ починал, а мајка ѝ се премажила, и родила син, па Малинче била продадена на мајански трговци со робови од Хисаланго.[3] Пред да наполни 20 години, таа била прекрстена во Марина од Шпанците, а била нарекувана Малинцин од другите домородци.[2]
Откако конквистадорите на Кортес ги поразиле Маите во март 1519 година, поглавицата како знак на покорност на Шпанците им дал 20 млади девојки, злато и други скапоцености.[4]. Меѓу тие девојки била и Малинче за која се претпоставува дека во тоа време имала неполни 20 години. Сите девојки требало да работат на плантажите со пченка. Кортес лично инсистирал сите да бидат веднаш покрстени, па така Малинцин станала Марина во 1519 година. Бернал Дијаз дел Кастиљо кој во тоа време бил во поход заедно со Кортес, ја опишал Малинцин како многу убава девојка, и единствена робинка чие име го запамтил. Најверојатно заради нејзината убавина, Кортес решил да ја задржи, посебно откако видел дека добро ги знае двата јазика: на Маите и на Ацтеките, наватл и мајански.
Во тоа време кога Малинцин стапила во контакт со Кортес, Маите го ослободиле монахот со име Херонимо де Агилар кој после бродолом крај брегот на Јукатан, живеел долго време со Маите. Агилар го знаел чонталскиот мајански јазик, но не и ацтечкиот. Додека Малинче го научила шпанскиот јазик, таа преведувала од ацтечки на мајански, а Агилар преведувал на шпански. Малинче била таа која на куририте на Монтезума II на нивниот мајчин јазик им рекла дека Кортес е врховен шпански заповедник. Набрзо таа била единствениот преведувач на Кортес и контакт со индијанските народи, и секогаш одела со него. На сите ацтечки кодекси од тоа време, Малинче била претставена веднаш зад Кортес.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Goetz, Philip W., уред. (1987), „Marina“, The New Encyclopædia Britannica, 7, Chicago: Encyclopædia Britannica, стр. 848
- ↑ 2,0 2,1 Townsend, Camilla (2006). Malintzin's Choices: an Indian Woman in the Conquest of Mexico. University of New Mexico Press. стр. 14.
- ↑ Diaz, B., 1963, The Conquest of New Spain, London: Penguin Books, ISBN 0140441239
- ↑ Diaz.
„Малинче“ на Ризницата ? |