Луда куќа
Луда куќа | |
---|---|
Податотека:Ab Fab series 5 title card.jpg Логото на последната сезона | |
Создадена од | Џенифер Сондерс Дон Френч |
Улоги | Џенифер Сондерс Џоена Ламли Џулија Савала Џун Витфилд Џејн Хорокс |
Земја на потекло | Велика Британија |
Бр. на сезони | 5 |
Бр. на епизоди | 31 (+8 специјални) |
Производство | |
Времетраење | Околу 30 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | BBC |
Првично прикажување | 12 ноември 1992 – 11 март 2005 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | bbc.co.uk/programmes/b00jm3ms |
Луда куќа (англиски: Absolutely Fabulous) е британска серија напишана од Џенифер Сондерс, која и ја глуми главната улога, заедно со Џоена Ламли, Џулија Савала и Џун Витфилд. Емитувана е на BBC од 1992 до 2005. Популарен краток назив за серијата е AbFab. Во 2004, дојде на 17-то место на анкетата Најдобриот британски ситком.
Ние имавме прилика да ја гледаме на Сител телевизија.
Заднина
[уреди | уреди извор]Луда куќа никна од џинглот во Френч и Сондерс наречен Модерна Мајка и Ќерка, а во него глумела Џенифер Сондерс како мајката и Дон Френч како ќерката.
Дејство
[уреди | уреди извор]Едина Монсун и Петси Стоун се две незрели пријателки, кои се опседнати со мода, дебелина, алкохол и дрога. Сафрон, ќерката на Едина, тотално се разликува од неа. Едина и Сафи живеат во куќа во Холанд Парк, а Петси најголемиот дел од нејзиното време го поминува таму.
Серијата се врти околу упорноста на Еди да стане славна и успешна и покрај неодобрувањата на ќерка и и константното присуство на нејзината сè посенилна мајка. Однесувањето на Петси често ја вовлекува во конфликти. Голем дел од комедијата во серијата е физичка, обично кога Еди и Петси се пијани или издрогирани. Исто така, конфликтите меѓу Петси и Сафи кога станува збор за Еди се чести.
Насловна песна
[уреди | уреди извор]Насловната песна се вика This Wheel’s on Fire, напишана од Боб Дилан и Рик Данко, а изведувана од повеќе артисти.
Додатно, и Pet Shop Boys снимија песна за Comic Relief во 1994, користејќи извадоци од дијалозите во серијата.
Прифатливост
[уреди | уреди извор]И покрај тоа што главните ликови конзумираат алкохол и дрога, се неодговорни и често прават нелегални работи, серијата стекна голема популарност и верна публика, но и лоша прифатеност од некои групи. Серијата беше популарна во Британија, а и во други земји.
Други верзии
[уреди | уреди извор]Хумористичната серија Сибил е американска верзија на Луда куќа, иако ги нема истите одлики.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Absolutely Fabulous на Семрежната филмската база на податоци
- Луда куќа на bbc.co.uk
- Луда куќа на the BBC Comedy Guide
- Луда куќа на British TV Comedy Guide
- Луда куќа на Episode World Архивирано на 2 април 2019 г.
- Ab Fab Online Архивирано на 16 октомври 2008 г.
- Луда куќа на the British Sitcom Guide Архивирано на 5 октомври 2007 г.
- Луда куќа на the British Film Institute Screen Online