Прејди на содржината

Лејф Ериксон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лејф Ериксон (стр. исл. Leifr Eiríksson)[1] (9701020) бил скандинавски[2] истражувач, прв Европеец кој ја населил Северна Америка[3] (Њуфаундленд и Лабрадор во Канада). Се верува дека се родил 970. во Исланд[4] како син на Ерик Црвениот (стр. исл. Eiríkr rauði), норвешки прогнаник кој бил син на другиот норвешки прогнаник Бордвалд Асвалдсон (Þorvaldr Ásvaldsson). Неговата мајка се викала Тјодхилд[5] (исл. Þjoðhildr). Неговиот татко основал две норвешки колонии, Западна населба и Источна населба на Гренланд.

За време на престојот во Норвешка, Лејф е преобразен во христијанство (како и многу норвежани во тоа време). Кога се вратил во Гренланд тој го купил бродот Бјарни Херлофсон и одлучил да го истражува островот откриен од самиот Бјарни.

Гренландската сага зборува дека Лејф околу 1000. година одлучил да го следи Бјарниевиот пат во спротивна насока. Првото копно кој го открил било покриено со рамни карпи (исл. hellur). По тоа го нарекол Хелуланд (земја на рамните карпи), тоа се веројатно денешните Бафинови Острови. Потоа дошол до копно кое било рамно и шумовито, со бели песочни плажи, кој ги нарекол Маркланд (земја на шумите), тоа е веројатно денешен Лабрадор. Кога Лејф и неговите луѓе пак наишле на копно се истовариле и направиле населби. Откриле дека земјата е многу пријатна со полно риби во реките и блага клима. Лејф земјата ја нарекол Винланд.

На враќање Лејф спасил норвешки прогнаник кој му го дал прекарот Лејф Среќниот (нор. Leifr hinn heppni).

Постојат дилеми тоа каде се наоѓна Винланд и до денес не е разјаснето за кој остров се работи.

Втората сага, Сага за Ерик Црвениот, зборува дека заправо Лејф го открил американското копно, но денес Гренландската сага се смета за веродостојна.

  1. На современ исландски името би гласело Лејфур а на денешен норвешки би било Лејв.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-18. Посетено на 2008-07-26.
  3. [1]
  4. Во сагата за Ерик Црвениот и „Ланднама“ се вели дека родителите се сретнале и венчале во Исланд, што значи дека Лејф најверојатно е роден таму. See [2] Архивирано на 26 декември 2018 г.
  5. Sanderson, Jeanette. (2002) Explorers, Teaching Resources/Scholastic. p. 14. ISBN 0-439-25181-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

[[Категорија:Јован Зонара