Лангеог
Лангеог | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Витмунд |
Градоначалник | Хајке Хорн (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 19,67 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 1.747 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 89 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WTM |
Пошт. бр. | 26465 |
Повик. бр. | 04972 |
Портал | www.langeoog.de |
Местоположба на Лангеог во рамките на округот Витмунд | |
Координати | 53°44′54″N 7°28′47″E / 53.74833° СГШ; 7.47972° ИГД |
Лангеог (германски: Langeoog; долногермански: Langeoog; буквално означува „долг остров“) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Балтрум (запад) и Шпикерог (исток).
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Лангеог припаѓа на Источнофризиските Острови пред брегот на Источна Фризија. Делови од островот и Ваденското Море околу островот влегуваат во рамки на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Соседни острови се, одвоени со морски гат („морски проток“) Оцумер Балје, Хулбалје и Шилбалје, Шпикерог на исток и Балтрум на запад, одвоен од Акумер Ее. Оддалеченоста од најјужниот 'рт на островот до копното е четири километри.
Површина
[уреди | уреди извор]Лангеог има површина од околу 20 квадратни километри и околу 14 километри долги песочни плажи. Долж плажата има дини со височина до 20 метри. Меѓу Источнофризиските Острови, Лангеог е единствениот кој опстојува без заштитни структури на крајбрежјето.[2]
Клима
[уреди | уреди извор]На островот Лангеог владее морска клима со слаби зими и свежи лета. Просечната годишна температура изнесува 8,8 °C. Просечната месечна температура се движи од 1,1 °C во февруари до 16,4 °C во август. Просечно има околу седум дена со температури над 25-°C. Просечни наврнува 680 мм воден талог, при што август е највлажен месец. Најмалку врнежи има во март.
Заштита на островот
[уреди | уреди извор]На морската страна на Лангеог се наоѓаат природни дини, кои служат како заштита на островот од силите на Северното Море. Дините се долги над 20 километри, почнувајќи на југозапад кај Флинтхерн и завршуваат на исток на островот кај Остерхок. Не постојат други заштитни градби. Во 2018 година, покраината Долна Саксонија преку својата агенција за управување со водата, крајбрежјето и природата ги зајакнала дините со уште 200.000 кубни метри песок.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1717 година, Лангеог бил поделен на три дела од плимната бура што се случила на Божиќ.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]До Лангеог може да се стигне преку пристаништето Бензерзил на копното со редовни фериботи. Фериботите на Лангеог не зависат од плимата, што е необично за Источнофризиските Остров.
Пристаништето и градот се поврзани со железнија, а Лангеог поседува и аеродром.
На Лангеог главно не се дозволени моторни возила. Посетителите на островот мораат да ги остават своите автомобили на копното. Само противпожарната бригада и амбулантните возила се стандардни моторни возила. Тракторите и тешките возила може да се управуваат со ограничувања. Полицајците и докторите се на велосипеди. Некои претпријатија имаат електрични возила. Истовремено, постои запрежно такси на коњи.
Туризам
[уреди | уреди извор]Туризмот е главен извор на приходи за стопанството на Лангеог. Постојат соби за изнајмување во скоро секоја градба на островот, како и повеќе хотели, додека младинскиот хостел е неколку километри надвор од градот.
Незагадениот воздух на островот го прави омилен за луѓето што имаат респираторни проблеми.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Водокула
- Камбанарија на католичката црква
- Камбанарија на протестантската црква
- Мелкхерндине (Melkhörndüne), некогаш највисока природна точка во Источна Фризија, која поради илјадниците посетители секоја година загубила дел од песокот и повеќе не е највисока точка.
- Кула за набљудување
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Камбанаријата на протестантската црква
-
Католичката црква
-
Општинското собрание
-
Водокулата
-
Пешачката зона
-
Островската железничка станица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ . Wiesbaden: VDM Verlag Dr. Müller. стр. 1 ff. ISBN 978-3-8364-7600-3. Занемарен непознатиот параметар
|Title=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|Date=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|Author=
(се препорачува|author=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Pressemitteilung des NLWKN vom 30. Mai 2018 (Webseite des NLWKN), abgerufen am 14. Juni 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лангеог на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- Ферибот Лангеог (германски)
|
|
|