Прејди на содржината

Кулинан (дијамант)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кулинан
The rough diamond
Тежина3106 карати
БојаРечиси безбоен[1]
Рез105 скапоцени камења со различна големина
Земја на потеклоЈушна Африка
РудникПремиеров рудник
РезецJoseph Asscher & Co.
Првичен сопственикPremier Diamond Mining Company
СопственикЧарлс III во име на Круната

Кулинан — најголемиот дијамант што досега бил пронајден,[2] со тежина од 3106,75 карати или 621,35 грама, откриен во рудникот на дијаманти Премиер во Кулинан, Јужна Африка, на 26 јануари 1905 година. Дијамантот бил именуван според Томас Кулинан, претседателот на рудникот.

Во април 1905 година, дијамантот бил ставен на продажба во Лондон, но и покрај интересот, по две години уште не бил продаден. Во 1907 година владата на Колонија Трансвал го купила дијамантот, а премиерот Луис Бота му го подарил на кралот Едвард VII по повод неговиот 66 роденден.

Од Кулинан биле направени дијаманти со различна големина, а најголемиот од нив, Кулинан I, од Едвард VII бил наречен Големата ѕвезда на Африка и со 530,4 карати (106,08 грама) тоа е најголемиот брусен дијамант во светот. Скапоцениот камен бил поставен на жезолот со крст од суверенот. Втор по големина бил Кулинан II или Втората ѕвезда на Африка, со тежина од 317,4 карати (63,48 грама) и бил ставен во британската царска круна. Двата дијаманта се дел од Крунскиот накит на Обединетото Кралство. Други седум дијаманти, со вкупна тежина од 208,29 карати биле во приватна сопственост на Елизабета II, која во 1953 година ги наследила од нејзината баба, кралицата Мери. Кралицата поседувала и помали брилијанти и неколку небрусени делови.

Историја

[уреди | уреди извор]
Велс и дијамантот

Дијамантот Кулинан бил пронајден 5,5 метри под површината во рудникот во Кулинан, Колонија Трансвал, од страна на Фредерик Велс, управител на рудникот, на 26 јануари 1905 година. Бил долг околу 10,1 сантиметри, широк 6,35 сантиметри, длабок 5,9 сантиметри, со тежина 3106,75 карати или 621,35 грама.[3] Весниците го нарекле „дијамант Кулинан“, според Томас Кулинан, кој го отворил рудникот во 1902 година.[4] Бил трипати поголем од дијамантот Екселсиор, кој бил најден во 1893 година во рудникот Јагерсфонтајн, и кој тежел 972 carats (194.4 g). Четири од осумте површини биле мазни, што укажувало дека некогаш бил дел од многу поголем камен, скршен по природен пат. Дијамантот има синобела боја и содржел мал џеб од воздух, и во одредени агли произведувал виножито, или Њутнови прстени.[5]

Деветте поголеми парчиња кои се исечени од дијамантот Кулинан
  1. Bariand and Duchamp, p. 101.
  2. Scarratt and Shor, p. 120.
  3. „Jewellery made from the world's largest diamond is to go on display“ (PDF). Royal Collection Trust. 15 May 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-12-22. Посетено на 21 December 2017.
  4. Scarratt and Shor, p. 122.
  5. Hatch, pp. 170–172.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]