Круг
Во Евклидовата геометрија, круг е множество од сите точки во рамнината кои се наоѓаат на еднакво растојание, наречено полупречник, од дадена точка, наречена центар. Кружницата е проста затворена крива, која ја дели рамнината на внатрешен и надворешен дел. Внатрешноста заедно со самата кружница се нарекува круг.
Во x-y координатен систем, кружница со центар во (a, b) и полупречник r е множеството од сите точки (x, y) такви што
- .
Ако кружницата има центар во координатниот почеток (0, 0), тогаш оваа формула добива упростен облик
- .
Кружницата со центар во координатниот почеток и со полупречник 1 се нарекува единична кружница.
Периметарот на кругот се пресметува според фурмулата:[1] L = d x π, каде: d е дијаметарот на кругот, а бројот π има приближна вредност од 3,41. Слично на тоа, периметарот може да се пресмета и како: L = 2r x π, каде r е радиусот на кругот. Плоштината на кругот со радиус r се пресметува со следнава формула: P = π x r2
Кругот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Кругот како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]Кругот се јавува и како тема во бројни дела од областа на уметноста и популарната култура, како:
- „Кружни урнатини“ — расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[2]
- „Високи кругови“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.[3]
- „Круг“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[4]
- „Суровостите на кругот“ — збирка поезија на Мак Диздар од 1960 година.[5]
- „Кругови на водата“ — песна на рускиот поет Леонид Мартинов од 1962 година.[6]
- „Елементот на кругот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[7]
- „Златен круг на времето“ — поетска збирка на македонскиот поет Ацо Шопов од 1969 година.[8]
Кругот како мотив во музиката
[уреди | уреди извор]- „Кругот не е тркалезен“ (англиски: The circle is not round) — песна на македонската група Анастасија.[9]
- „Широчината на кругот“ (англиски: The Width Of A Circle) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1970 година.[10]
- „Пет кругови“ (англиски: Five Circles) — композиција на композиторот и инструменталистот Вангелис од 1981 година.[11]
- „Кругови“ (англиски: Circles) — песна на американската хард-кор група Даг нести (Dag Nasty) од 1986 година.[12]
- „Круг“ — песна на југословенската рок-група Екатарина Велика.[13]
- „Анти-круг“ (англиски: The Anti-Circle) — песна на американската хип-хоп Рутс (The Roots) од 1993 година.[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 136-137.
- ↑ Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 31-35.
- ↑ Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 87.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 69-70.
- ↑ Ристо Трифковиќ, „Мак Диздар или Патот до Камениот спијач“, во: Мак Диздар, Горчин. Скопје: Македонска книга, 1968, стр. 138.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 210.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 109.
- ↑ „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
- ↑ Anastasia, Before the Rain, Polygram Music.
- ↑ Discogs, David Bowie – The Man Who Sold The World (пристапено на 16.4.2020)
- ↑ Vangelis, Chariots of Fire, Polydor, 800 020-2, 1981.
- ↑ Discogs, Dag Nasty – Can I Say (пристапено на 13.9.2022)
- ↑ Ekv - Krug - YouTube (пристапено на 10.9.2016)
- ↑ The Roots – Organix (пристапено на 31.1.2024)