Криминологија
Криминологија — општествено-научен пристап при науката за криминалот како поединечна и општествена појава. Областите на криминолошки истражувања ги вклучуваат степенот и формите на криминал како и причините за и последиците од неговата појава. Исто така, тие вклучуваат социјални и владини прописи и реакции кон криминалот. Криминологијата е интердисциплинарна област во бехавиористичките науки, со особен акцент на истражувањата на социолози и психолози, како и на правни ракописи. Значаен начин да се анализираат податоци во криминологијата е да се применат квантитативни методи. Во 1885 година, италијанскиот професор по право Рафаеле Гарофало го измислил терминот „криминологија“ (на итал. Criminologia). Во исто време и францускиот антрополог (види антропологија) Пол Топинард за првпат го употребил овој термин (criminologiе).[1]
Криминологијата е онаа гранка од општествената наука, која што се занимава со науката за криминалот против поединецот и против општеството.
Правци на мислење
[уреди | уреди извор]Во раниот 18 век, криминологијата започна да постои како што општествените филозофи стануваа се позаинтересирани за криминалот и правните концепти. Со тек на времето, се развија неколку школи на мислата.
Кјара Бреур
[уреди | уреди извор]Класичната школа која што се појави во средината на 18 век, беше основана врз утилитаријанската (види утилитаријанизам [1]) филозофија. Цезаре Бекарија, автор на делото „За злосторствата и казните“ ([On Crimes and punishment]|http://en.wikipedia.org/wiki/On_Crimes_and_Punishments) (1763-64), Џереми Бентам, пронаоѓач на паноптикумот, и други класични филозофи тврдат дека (1) луѓето имаат слобода да избираат како ќе постапуваат. (2) Одвратувањето се заснова врз идејата дека човекот е „хедонист“ кој бара задоволство и избегнува болка, и тоа дека „калкулатор наречен разум“ ги мери цената на и користа од последицата на секоја акција. Така, се игнорира можноста неразумните и несвесните возења да се сметаат за мотивациони фактори. (3) Казната (со соодветна строгост) може да ги одврати луѓето од криминал, дека цената (казната) ја надминува користа, и дека строгоста на казната треба да е пропорционална со криминалното дело.[2] Што побрзо и посигурно се казнува, поефикасно е одвратувањето криминално однесување. Класичната школа на мислата се појави во време кога се случи клучна реформа во пенологијата, со затворите кои се развиле како форма на казнување. Исто така, овој временски период донесе многу правни реформи, Француската револуција, и развојот на правниот систем во САД.
Џилондриа Томас
[уреди | уреди извор]Позитивистичката школа (види позитивизам) претпоставува дека криминалното однесување е предизвикано од внатрешни и надворешни фактори кои се надвор од контролата на поединецот. Научниот метод беше воведен и применет за да се проучува човековото однесување. Позитивизмот може да се раздели на три сегмента кои вклучуваат биолошки, психолошки и општествен позитивизам.
Цезаре Ломброзо, италијански затворски доктор којшто работел во доцниот 19 век и којшто понекогаш се сметал за „татко на криминологијата“, се вбројува во редот на оние кои најмногу придонеле за биолошкиот позитивизам и е основач на Италијанската криминолошка школа.[3] Ломброзо присвоил специфичен пристап, и настојувал за емпириски докази (види емпиризам) при проучувањето криминал.[4] Како основач на криминолошката антропологија, предложил дека физиолошките црти како мерка за нечии јаболчни коски или линија на коса, или разделена палатална коска, потсетуваат на неандарталецот, се индикативни на „атавистичките“ (првобитни) криминални тенденции. Овој пристап, под влијание на раната теорија на френологија и под влијание на Чарлс Дарвин и неговата теорија на еволуција, беше напуштен. Енрико Фери, ученик на Ломброзо, верувал дека општествените како и биолошките фактори играле улога, и имал став дека криминалците не траба да се сметаат за одговорни кога факторите кои го предизвикуваат нивниот криминалитет се надвор од нивна контрола. Од тогаш криминолозите ги отфрлуваат биолошките теории на Ломброзо, со контролни групи кои не биле употребувани при неговите истражувања.[5]
Во Франција, соперник на Ломборозовата италијанска школа, била школата на мислата на Александре Лакасањ, со седиште во Лион и особено активна во периодот од 1885-1914 година.[6] Школата на Лакасањ ја отфрла Ломброзовата теорија на „криминален тип“ и онаа на „родени криминалци“, и го потенцирала значењето на општествените фактори. Сепак, спротивно на криминолошките тенденции под влијание на општествениот детерминизам на Диркем, не ги отфрла биолошките фактори. Навистина, Лакасањ создал оригинал синтеза на обете тенденции, под влијание на позитивизмот, френологијата и чистотништвото, коишто наведуваат директно влијание на општествената околина врз мозокот, и ја споредуваат самата околина со мозок, поддржувајќи ограницистичка позиција.[6] Покрај тоа, Лакасањ го критикувал недостатокот од ефикасност на затворот, инсистирал на општествена одговорност спрема криминалот и на политички волунтаризам како решение за криминалот, и на тој начин се залагал за построги казни оние криминалци за кои се мисли дека се непоправливи („рецидивисти“- повтореници) на пример, со поддржување на законот за казнени колонии од 1895 година, или спротивставувајќи се на укинувањето смртна казна во 1906 година.[6]
[Ханс Ејзенк|http://en.wikipedia.org/wiki/Hans_Eysenck] (1964, 1977), Британски психолог, тврдел дека психолошките фактори како екстровертност и невротизам ја прават личноста посклона кон извршување криминални дела. Исто така, тој вклучува една димензија на психотицизмот (види психотицизам) којашто, пак, вклучува одлики слични со психопатскиот профил, измислен од страна на Харви М. Клеки и доразвиен од Роберт Хеир. Тој го базирал својот модел и врз раната родителска социјализација на детето; неговиот пристап ги надминува разликите меѓу пристапите засновани врз биолошките објаснувања и врз учењето од околината и општеството,(погледнете на пример, општествени психолози [Б.Ф. Скинер|http://en.wikipedia.org/wiki/B.F_Skinner] (1938 г.), [Алберт Бандура|http://en.wikipedia.org/wiki/Albert_Bandura](1973 г.), темата за „природа vs. грижа/поддршка“).
Социолошкиот позитивизам прифаќа дека општествените фактори како сиромаштијата, членувањето во субкултури, или ниските нивоа на образование може да влијаат врз луѓето да извршуваат криминални дела. [Адолф Кветлет|http://en.wikipedia.org/wiki/Adolphe_Quetelet] ги искористил податоците и статистичката анализа да се стекне со увид во врската меѓу криминалот и социолошките фактори. Тој открил дека возраста, полот, образованието и конзумирањето алкохол се значајни фактори поврзани со криминалот.[7] Роусон В. Роусон ја искористил статистиката на криминалитет да предложи дека постои врска меѓу густината на населението и стапките на криминалитет, со создавањето околина потенцијална за криминал.[8][Џозеф Флечер|http://en.wikipedia.org/wiki/Joseph_Fletcher] и [Џон Глајд|], исто така, доставиле документи за нивните студии за криминалитет и неговата распределеност до [Статистичкото општество на Лондон|http://en.wikipedia.org/wiki/Statistical_Society_of_London].[9][Хенри Мејхју|http://en.wikipedia.org/wiki/Henry_Mayhew] користел емпиристички методи и етнографски пристап за да ги адресира општествените прашања и сиромаштијата, и ги претставил неговите истражувања во неговото дело Лабуристички и сиромашен Лондон ([London Labouor and The London Poor|http://en.wikipedia.org/wiki/London_Labour_and_the_London_Poor][10]. Диркем го сметал криминалот за неодминлив аспект на општеството, со нееднаква дистрибуција на богатство и со други разлики меѓу луѓето.
Школата во Чикаго
[уреди | уреди извор]Школата во Чикаго се појавила во раниот 20 век, преку делото на [Роберт Езра Парк|http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_Ezra_Park], [Ернест Бурџис|http://en.wikipedia.org/wiki/Ernest_Burgess], и други урбани социолози при [Универзитетот во Чикаго|http://en.wikipedia.org/wiki/University_of_Chicago]. Во 20-тите години, Парк и Бурџис идентификувале пет концентрични зони што често постојат како што градовите растат, вклучувајќи ја и „зоната во транзиција“ која што беше идентификувана како најпроменлива и најподложна на нереди. Во 40-те години, Хенри Мек Кеј и Клифорд Р.Шо се фокусирале на малолетните делинквенти, откривајќи дека тие се концетрираат во зоната во транзиција.
Социолозите при Школата во Чикаго усвоиле пристап на општествена екологија за проучувањето градови, и предлагаат дека урбаните соседства со високо ниво на сиромаштија често се соочува со неуспех во општествената структура и општествените установи како што се фамилијата и училиштата. Ова резултира во општествена дезорганизација, којашто ја намалува способноста на овие институции да го контролираат однесувањето и создава околина погодна за девијантно однесување.
Други истражувачи предложиле дополнителна општествено-психолошка врска. [ Едвин Сатерланд|http://en.wikipedia.org/wiki/Edwin_Sutherland] предложил дека луѓето го учат криминалното однесување од повозрасните, поискусните криминалци со кои се дружат.
Теории на криминал
[уреди | уреди извор]Теоретските перспективи применети во криминологијата вклучуваат психоанализа, фукционализам, интеракционизам, марксизам, економетрија, системски теории, постмодернизам итн.
Теории поврзани со општествената структура
[уреди | уреди извор]Општествена дезорганизација (соседства)
[уреди | уреди извор]Теоријата на општествена дезорагнизација се заснова врз делото на Хенри Мек Кеу и Клифорд Р. Шо при Школата во Чикаго.[11] Теоријата на општествена дезорганизација предлага дека соседствата болни од сиромаштија и од економски недостиг често се соочуваат со високи стапки на обрт на населението.[12] Населението во овие соседства се одликува и со висока хетерогеност.[12] Со висок обрт, неформални општествени структури често не успеваат да се развијат, при што е нозможно да се одржи општествениот ред во општината.
Општествена екологија
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 50-тите години, истражувањата за општествена екологија се правеле врз основа на теориите на општествена дезорганизација. Многу студии откриле дека стапките на криминал се поврзани со сиромаштијата, нередот, големиот број на напуштени објекти, и други знаци на распаѓање на општината.[12][13] Како што работничката и средната класа ги напуштаат распаднатите соседства, најобесправениот дел од населението може да остане. [Вилијам Јулиус Вилсон|http://en.wikipedia.org/wiki/William_Julius_Wilson] предложил „ефект на концентрација“ на сиромаштијата, кој може да предизвика соседствата да се изолираат од поголемиот дел на општеството и да станат склони кон насилство.
Теорија на притисок (општествена класа)
[уреди | уреди извор]Теоријата на притисок, (исто така позната како [Мертонијанска аномија|http://en.wikipedia.org/wiki/Anomie]), развиена од американскиот социолог [Роберт Мертон|http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_K._Merton], предлага дека водечката култура, особено во САД, е полна со соништа за можности, слобода и просперитет; како Мертон ја именува, американскиот сон. Повеќето луѓе веруваат во овој сон и тој станува моќна културна и психолошка мотивација. Мертон го употребил и терминот „аномија“, но за него значел нешто малку поразлично од она што значел за Диркем. Мертон го сфаќал терминот како дихотомија меѓу она што општеството го очекувало од своите граѓани, и она што ѓраѓаните навистина можеле да го постигнат. Така, ако општествената структура на можности е нееднаква и го спречува поголемиот дел граѓани да го исполнат сонот, некои од нив ќе се свртат кон незаконскки средства (криминал) со цел да го исполнат тој сон. Други ќе се повлечат и ќе потпаднат во девијантни субкултури (членови на банди, просјаци, урбани бездомни пијаници и наркомани).[14]
Супкултурна теорија
[уреди | уреди извор]Следејќи ја Школата од Чикаго и теоријата на притисок, како и повикувајќи се на идејата на Едвин Х. Садерленд за нееднаквата асоцијативност, супкултурните теоретичари се фокусираат на мали културни групи кои се изделиле од водечката, да формираат сопствени вредности и значења за животот.
[Алберт К. Коен|http://en.wikipedia.org/wiki/Albert_K._Cohen] ја поврзувал аномијата со Фројдовата идеја за реакцијата на формација, предлагајќи дека делинквентноста меѓу младината од пониската класа е реакција против општествените норми на средната класа.[15] Некоја младина, особено онаа од посиромашните области каде што можностите се ретки, може да усвои општествени норми специфични за тие места кои може да вклучат „отпор“ и непочитување на власта. Кога младите се согласуваат со нормите на девијантните супкултури може да резултира со криминални дела.[16]
Ричард Клоувард и Лојд Олин предложиле дека делинквентноста може да се јави како резултат на нееднаквите можности за младината од пониската класа.[16] Ваквата младина може да биде привлечена да се нафати на криминални активности, бирајќи го незаконскиот пат којшто им обезбедува полукративна економска корист од конвенционалниот, преку правни опции, како достапни работи со минимални примања.[16]
Британските супкултурни теоретичари поцрвсто се фокусираат на прашањето за класи, каде некои криминални активности се сметале за „имагинарни решенија“ на проблемот кога се припаѓа на подредена класа. Дополнително истражување од Школата во Чикаго тесно ги разгледувало бандите и влијанието од интеракцијата на водачите на бандите во очите на возрасните.
Теории поврзани со поединецот
[уреди | уреди извор]Теории на лични одлики
[уреди | уреди извор]На другата страна на спектарот, криминологот Лони Атенс измислил теорија за тоа колку процесот на брутализација од страна на родител или врсник што обично се случува во детството резултира во насилни криминални дела по достигнувањето полнолетство. Во своето дело „Зошто убиваат“ (Why They Kill), [Ричард Роудс|http://en.wikipedia.org/wiki/Richard_Rhodes] ги опишува набљудувањата на Атенс за семејното и општественото насилство во минатото на криминалците. И Атенс и Роудс ги отфрлаат теориите на генетско насилство.[17]
Теории на социјална контрола
[уреди | уреди извор]При теоријата на социјална врска или теоријата на социјална контрола е употребен друг пристап. Наместо барањето фактори што прават луѓето да станат криминалци, овие теории се обидуваат да објаснат зошто луѓето не стануваат криминалци. [Тревис Хиршчи|http://en.wikipedia.org/wiki/Social_control_theory#Travis_Hirschi] идентификувал 4 клучни одлики: „приврзаност за други“, „верување во моралната валидност на правилата“, „заложба за постигнување“ и „вмешаност во конвенционални активности“.[18] Што повеќе една личност ги поседува овие одлики, помали се шансите дека таа личност ќе се однесува девијатно (или криминално). Од друга страна, ако овие фактори не се присутни кај една личност, поверојатно е дека тој/таа може да станат криминалци. Хиршчи ја проширил оваа теорија со идејата дека личноста со ниско ниво на самоконтрола поверојатно ќе стане криминалец.[19] Едноставен пример: некој сака да поседува голема јахта, но нема средства да ја купи. Ако лицето не се потруди да се самоконтролира, тој или таа може да се обиде да добие јахта (или средства за истата) на незаконски начин; додека некој со високо ниво самоконтрола поверојатно ќе почека или ќе потисне таа потреба. Социјалните врски, преку врсници, родители, и преку други личности, може да има позитивен ефект кај лицата со ниско ниво на самоконтрола. За фамилиите со низок социо-економски статус, фактор којшто прави разлика меѓу фамилиите со деца делинквенти од оние со нормални деца, е контролата што е обезбедена од страна на родителите или старатели.[20]
Симболичен интеракционизам
[уреди | уреди извор]Симболичниот интеракционизам ја користи феноменологијата на [Едмунд Хасерлhttp://en.wikipedia.org/wiki/Edmund_Husserl] и [Џорџ Херберт Меид|http://en.wikipedia.org/wiki/George_Herbert_Mead], како и супкултурната теорија и теоријата на конфликтот.[21] Оваа школа на мислата се фокусира на врската меѓу моќната држава, медиумите и конзервативната владејачка елита од една страна, и помалку моќните групи од друга страна. Моќните групи имале способност да се претворат во „значајниот фактор“ при процесите на создавање значење во однос на помалку моќните групи. Претходно споменатите, можеле до одредена мера да им ги наметнуваат нивните значења на подоцна споменатите, и така имале способност да ја етикетираат малолетната делинквентна младина како криминална. Оваа младина често ја прифаќала оваа „етикета“, без тешкотија да учествуваат во криминал и да станат чинители во „самоисполнувачко пророштво|самоисполнувачкото пророштво“ на моќните групи. Подоцнежнииот развој на овие теории го дале Хауард Бекер и Едвин Лемер, во средината на 20 век.[22][Стенли Коен|http://en.wikipedia.org/wiki/Stanley_Cohen_(sociologist)] го развил концептот „морална паника“ (опишувајќи ја општествената реакција на спектакуларниот, алармантен социјален феномен како младинските култури по Втората светска војна (види Втора светска војна) (пр.: [Mods and Rockers|http://en.wikipedia.org/wiki/Mods_and_Rockers] во Велика Британија во 1964 год), СИДА и фудбалското хулиганство).
Теорија на разумен избор
[уреди | уреди извор]Теоријата на разумниот избор се заснова врз утилитаријанските филозофии од класичните школи на Цезаре Бекарија, коишто биле ширени од страна на Џереми Бентам. Тие тврделе дека казната, ако е сигурна, навремена и пропорционална со криминалното дело, го спречува делото, со ризикот кој ја надминува користа за престапникот. Во Dei delitti e delle pene (За криминалното дело и казната, 1763-1764), Бекарија препорачувал разумна пенологија. Бекарија ја замислил казната како неопходна примена на законот за криминални дела: така, судијата едноставно ја усогласувал неговата казна со законот. Исто така, Бекарија превел разлика меѓу криминал и грев, и бил против смртната казна, како и против тортурата и нечовечките третмани, бидејќи не ги сметал за разумно средство за одвратување.
Оваа филозофија била заменета со Позитивистичката школа и Школата во Чикаго, и не била оживеана сè до 70-тите со ракописите на [Џејмс К. Вилсон|http://en.wikipedia.org/wiki/James_Q._Wilson], [Гери Бекер|http://en.wikipedia.org/wiki/Gary_Becker] во статијата од 1965 г. наречена „Злосторство и казна“ [23] и статијата на [Џорџ Стиглер|http://en.wikipedia.org/wiki/George_Stigler] од 1970 г. „Максималното спроведување на законите“.[24] Теоријата на разумниот избор смета дека криминалците, како и другите луѓе, ја одмеруваат цената/ризикот и користа кога треба да одлучат дали да извршат криминално дело или не, и размислуваат од економска гледна точка.[26] Исто така, тие се обидуваат да го минимализираат ризикот од криминално дело така што го земаат предвид времето, местото, и другите ситуациони фактори.[25]
Гери Бекер, на пример, признал дека многу луѓе оперираат со високо ниво на морал и етничка ограниченост, но сметал дека криминалците разумно го согледуваат тоа дека користа од нивното дело ја надминува цената како што е веројатноста од апсење, осуда, казна, како и нивните сегашни можности. Од перспектива на јавната политика, бидејќи цената да се зголеми казната е маргинална споредено со цената да се зголеми надзорот, па секој може да заклучи дека најдобрата политика е да се максимализира казната и да се минимизира надзорот.
Од оваа перспектива, може да се измислат мерки за спречување или намалување криминал коишто ќе го зголемат трудот потребен да се изврши криминално дело, како и отежнато да се дојде до целта.[26] Теоријата на разумен избор, исто така, предлага дека зголемениот ризик при извршувањето дело и веројатноста да се биде фатен, преку дополнителниот надзор, преку присуството на полицијата или на гардата, дополнителното улично осветлување, и други мерки, се ефикасни во намалувањето криминални дела.[26]
Една од клучните разлики меѓу оваа теорија и теоријата на разумниот избор на Џереми Бентам, која што била напуштена во криминологијата, е таа дека ако Бентам сметал дека е можно целосно да се уништи криминалот (преку паноптикумот), Бекеровата теорија признава дека општеството не би можело целосно да се ослободи од криминалот освен до одредено ниво. На пример, ако 25% од производите во еден супермаркет се украдени, би било многу лесно да се намали оваа стапка до 15%, доста лесно да се намали до 5%, тешко да се намали до 3% и речиси невозможно да се намали до нула (стапка која што толку би го чинела супермаркетот за надзор, итн., што би ја надминала ползата). Ова, сепак, би предложило дека основните принципи на утилитарианизмот и класичниот либерализам не се напуштени, туку едноставно умерени и намалени на поскромни предлози, кои, последователно го предлагаат постоењето на една идеологија која што се обидува да опстои и покрај очигледните неуспеси во реалниот свет.
Ваквите теории на разумниот избор, поврзани со неолиберализмот, ја претставуваат основата на спречувањето криминал преку дизајнот на околината.
Теорија на рутинска активност
[уреди | уреди извор]Теоријата на рутинска активност, измислена од страна на Маркус Фелсон и Лоренс Коен, се потпира на теориите на контрола и го објаснува криминалот во рамки на криминалните можности што се укажуваат во секојдневниот живот.[27] Една криминалана можност бара елементите да се согласуваат во време и место вклучувајќи (1) мотивиран престапник, (2) соодветна цел или жртва (3) немање способен чувар.[28] Чувар на место, како што е улица, би можел да вклучи обезбедување или дури обични минувачи кои би сведочеле за криминалното дело и би можел да го спречи или да го пријави во полиција.[28] Теоријата на рутинска активност е проширена од страна на Џон Ек, кој додал четврти елемент „управител/менаџер на местото“ како управители/менаџери на имоти за наем кои може да преземат мерки за спречување проблематично однесување.[29]
Современа културна и критичка криминологија
[уреди | уреди извор]Сегашните културни и критички криминолози [30] се обидуваат да се придвижат подалеку од едноставните онтолошки концепции за човековите суштества како хедонистички и опортунистички „разумни избирачи“, чиешто однесување може да се манипулира преку прилагодувања на трудот, користа, можностите и контролните технологии.
Рани нереални извештаи за криминалот/делинквентноста како форма на заведување[31] или како форма на праполитички отпор на немоќта и здодевната монотонија на животот на работничката класа [32] сега се предизвикани од хибридните теории од најново време. Овие теории ги истражуваат патиштата низ кои криминалците се инкорпорирани во потрошувачкиот систем на вредност и фантазии, како што тврдел и Роберт Рејнер во книгата „Закон и ред“ (Law and Order)[33], инаку уште од почетокот исклучени од нивниот економски и социјален живот. Комбинирајќи ги елементите на теоријата на притисок со теоријата на култура и со онаа на симболички интеракционизам, Џок Јанг, во Ексклузивното општествто(The Exclusive Society) [34], ја употребува метафората на булимија за да ја долови тесната спротивставеност меѓу инклузијата и екслузијата. Сајмон Халсворт и Кит Хејворд усвојуваат сличен пристап во нивните дела Уличен криминал, (Street Crime)[35] и Граници на градот(City Limits)[36], и во понатамошната работа [37] Хејворд го враќа во употреба Фројдовиот термин „нарцизам“ за да ги објасни несигурните, дури и агресивни чувства и мотивации кои стојат зад криминалитетот, како и чувствата да се стекне нешто повеќе. Во Криминални идентитети и култура на потрошувачите (Criminal Identities and Consumer Culture)[38], Стив Хал, Сајмон Винлоу и Крег Анкрум се повикуваат на континенталната филозофија и на Лаканиевата психоанализа за да ги изведат доцните модернистички хибридни теории на ново ниво на софистикација, како што тие ја објаснуваат динамичната тензија меѓу инклузијата и ексклузијата која што на нарцистичкиот субјект му ја оддолжува агресивната битка за идентитет во социјалната дистинкција изразена преку стекнување и изразување на симболите за статус во културата на потрошувачите.
Типови и видови на криминал
[уреди | уреди извор]И позитивистичките и класицистичките школи имаат заеднички став околу тоа што претставува кримналот – дело кое ги крши основните вредности и верувања во едно општество. Овие вредности и верувања се манифестираат како закони за кои се согласува општеството. Сепак, постојат два типа на закони:
• Природните закони се вкоренети во јадрените вредности кои ги делат повеќе култури. Природните закони ги заштитуваат од повреди лицата (пр.: убиство, силување, напад) или имотот (кражба), и ја даваат основата на обичајно-правните системи.
• Статутите се кодифицираат од страна на законодавства ги рефлектираат тековните културни обичаи и однесувања, иако некои закони може да бидат контроверзни, пр.: законите ко забрануваат користење марихуана и коцкање. Марксистичката криминологија (види Карл Маркс), криминологијата на конфликт и криминологијата на критика тврдат дека најголемиот дел односи меѓу државата и граѓанинот не се согласувачки, и во таа смисла, криминалното/кривичното право не секогаш е израз на јавните верувања и желби: се користи во интерес на владејачката или доминантната класа. Додека сè поголем дел од криминолозите на десното крило се трудат да докажат дека постои постои согласен социјален договор меѓу државата и граѓанинот.
Така, дефинициите на криминалот ќе варираат од место до место, во согласност со културните норми и обичаи, но може општо да се клсифицираат во криминалитет на работничка класа, кој уште се нарекува и криминалитет на сините мантили или стопански криминалитет, корпорациски криминалитет, организиран криминалитет, политички криминалитет, криминалитет против јавниот ред, криминалитет против државата, криминалитет на белите јаки.
Подтеми
[уреди | уреди извор]Криминологијата проучува области меѓу кои:
• Малолетничка делинквенција • Причини за и последици од криминалот • Спречување криминал • Статистики на криминал • Криминално однесување • Криминална „кариера“ и престанок • Семејно насилство • Девијантно однесување • Евалуација на работата на службите за спроведување криминална правда • Страв од криминал • Пенологија • Социологија на правото • Виктимилогија • Истражување за жртвите на меѓународен криминалитет
Компаративната криминологија е истражување на општествениот феномен на криминал низ културите, со цел да се идентификуваат разлики и сличности во криминалните навики.[39]
Поврзано
[уреди | уреди извор]• Криминал
• Етика
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ^ Дефлем, Матју(2006) (Deflem, Mathieu). Социолошка теорија и криминолошко истражување: ставови од Европа и од САД. (Sociological Theory and Criminological Research: Views from Europe and the United States). Елзевиер. стр. 279ISBN 0-7623-1322-6.
- ↑ Бекарија, Чезаре(1764) (Beccaria, Cesare). Ричард Дејвис (преведувач издание За криминалните дела и казните, и други ракописи (On Crimes and Punishments, and Other Writings). Печат при Универзитетот Кембриџ стр. 64. ISBN 0-521-40203-4.
- ↑ Сигл, Лери Џ. (2003) (Siegel, Larry J.). Криминологија, 8-мо издание, (Criminology) Томсон – Вадсворт стр. 7.
- ↑ Ленан (McLennan),Грегор (Gregor), Џени Посон (Jennie Pawson), Мајк Фицџералд (1980) (Mike Fitzgerald). Криминал и општество : историски и теориски белешки. (Crime and Society: Readings in History and Theory.) Рутлеџ. стр. 311. ISBN 0-415-02755-1.
- ↑ 5. ^ Сигл, Лери Џ. (2003) (Siegel, Larry J.). Криминологија, 8-мо издание, (Criminology) Томсон – Вадсворт стр. 139.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Ренвил, Марк (Renneville, Marc). Изгубената криминологија на Александре Лакасањ (1843-1924) (La criminologie perdue d’Alexandre Lacassagne) , Criminocorpus, центар Алесандр Ковре CRHST, UMR n°8560 на Националниот совет за научни истражувања (НСНИ) (CNRS), 2005 (француски)
- ↑ Беирн, Пирс (Beirne, Piers) (Март 1987). „Адолф Кветлет и зачетоците на позитивистичката криминологија“ ("Adolphe Quetelet and the Origins of Positivist Criminology"). Американски весник на социологија 92(5): (Аmerican Journal of Sociology) стр. 1140с–1169.
- ↑ Хејворд, Кит Џ. (2004) (Hayward, Keith J.). Граници на градот : криминал, потрошувачка и урбано искуство (City Limits: Crime, Consumerism and the Urban Experience). Рутлеџ, стр. 89. ISBN 1-904385-03-6.
- ↑ Гарланд, Дејвид (2002) (Garland, David). „За криминалот и криминалците ("Of Crimes and Criminals") во Магир, Мајк, Род Морган, Роберт Рајнер. Прирачник за криминологија при Оксфорд, трето издание. Печаѕ при универзитетот Окфорд. стр. 21.
- ↑ „Хенри Мејхју: Лабуристикиот Лондон и Сиромашниот Лондон“ "Henry Mayhew: London Labour and the London Poor". Центар за просторно интегрирана социјална наука http://www.csiss.org/classics/content/25.
- ↑ Шо, Клифорд Р. (Shaw, Clifford R.) и Мек Кеј, Хенри Д. (McKay, Henry D.) (1942) Малолетничката делинквенција и урбаните области (Juvenile Delinquency and Urban Areas). Печат при Универзитетот во Чикаго.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Бурсик Јуниор, Роберт Џ. (1988) (Bursik Jr., Robert J.). „Општествена дезорганизација и теории на криминалот и делинквенцијата: проблеми и можности“ ("Social Disorganization and Theories of Crime and Delinquency: Problems and Prospects") Криминологија 26 : стр. 519–539.
- ↑ Мореноф, Џефри (Morenoff, Jeffrey), Роберт Сампсон (Robert Sampson), Стефан Рауденбуш (Stephen Raudenbush), (2001). „Нееднаквост меѓу соседствата, колективна ефикасност и просторна динамика на урбаното насилство.“ ("Neighborhood Inequality, Collective Efficacy and the Spatial Dynamics of Urban Violence".) Криминологија 39: стр. 517–60. doi:10.1111/j.1745-9125.2001.tb00932.x.
- ↑ Мертон, Роберт (1957) (Merton, Robert). Социјална теорија и социјална структура. (Social Theory and Social Structure.) Слободен печат.
- ↑ Коен, Алберт (Cohen, Albert) (1955). Делинкветни момци. (Delinquent Boys). Слободен печат.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Корнхаузер, Р. (Kornhauser, R.) (1978). Социјални извори на делинкенција (Social Sources of Delinquency) Печат при универзитетот во Чикаго.
- ↑ Родс, Ричард (Rhodes, Richard) (2000). Зошто убиваат: Откритијата на еден маверички криминолог.Why They Kill: The Discoveries of a Maverick Criminologist. Винтаж.
- ↑ Хиршчи, Тревис (Hirschi, Travis)(1969). Причини за делинквентноста Causes of Delinquency. Трансакциски издавачи.
- ↑ Готфредсен, М., Хиршчи (Gottfredson, M., T. Hirschi) (1990). Општа теорија на криминалот (A General Theory of Crime). Печат при Универзитетот во Станфорд.
- ↑ Вилсон, Хариет (Wilson, Harriet) (1980). „Родителски надзор : запоставен аспект на делинквентноста“ ("Parental Supervision: A Neglected Aspect of Delinquency"). Британски весник на криминологијата 20.
- ↑ Мед, Џорџ Херберт (Mead, George Herbert) (1934). Самиот ум и општеството. (Mind Self and Society). Печат при универзитетот во Чикаго.
- ↑ Бекер, Хауард (Becker, Howard) (1963). Аутсајдери (Outsiders). Слободен печат.
- ↑ Гери Бекер (Gary Becker), „Злосторство и канза“ ("Crime and Punishment"), во Весникот на политичка енономија, том 76(2), март-април 1968 г., стр. 196-217
- ↑ Џорџ Ситглер (George Stigler), „Оптимално спроведување закони“ ("The Optimum Enforcement of Laws"), in Весникот на политичка енономија, том 76 (3), мај-јуни 1970 г., стр. 526-536
- ↑ Корниш, Дерек и Роналд В. Кларк (Cornish, Derek, and Ronald V. Clarke) (1986). Разумниот криминалец (The Reasoning Criminal). Спрингер-Верлаг.
- ↑ 26,0 26,1 Кларк, Роналд В. (Clarke, Ronald V.)(1992). Ситуациско спречување криминал (Situational Crime Prevention). Хароу и Хестон.
- ↑ Фелсон, Маркус (Felson, Marcus) (1994). Криминалот и секојдневниот живот.(Crime and Everyday Life). Пајн Форџ.
- ↑ 28,0 28,1 Коен, Лоренс (Cohen, Lawrence) и Маркус Фелсон (Marcus Felson) (1979). „Општествените промени и трендовите на криминална стапка„ ("Social Change and Crime Rate Trends"). Американско социолошко издание 44: 588. doi:10.2307/2094589.
- ↑ Ек, Џон (Eck, John), и Џули Вартел (Julie Wartell) (1997). Намалување криминал и справување со дрогата преку подобрување на управувањето на местата: Случаен експеримент (Reducing Crime and Drug Dealing by Improving Place Management: A Randomized Experiment.) Национален институт на правда.
- ↑ Ферл, Џ. (Ferrell, J.), Хауард К. (Hayward, K.), Морисон, В. (Morrison, W.) и Презди, М.(Presdee, M.) (2004) Ослободената културна криминологија (Cultural Criminology Unleashed), Лондон : Печат Глесхаус
- ↑ Кац, Џ. (Katz, J.) (1988), Заведувањата на криминалот (The Seductions of Crime), Њујорк: Бејзик букс
- ↑ Презди, М (Presdee, M.) (2000), Културна криминологија и карневал на криминалот (Cultural Criminology and the Carnival of Crime), Лондон: Рутлеџ
- ↑ Рејнер, Р (Reiner, R.) (2007) Закон и ред (Law and Order), Кембриџ: Политу
- ↑ Јанг, Џ (Young, J.) (1999), Ексклузивно општество (The Exclusive Society), Лондон: Саж
- ↑ Халсворт, С. (Hallsworth, S.) (2005), Уличен криминал (Street Crime), Кулумптон: Вилан
- ↑ Хауард ,К. (Hayward, K.) (2004), Границите на градот, (City Limits), Лондон: Гласхаус
- ↑ Хауард, K. и Јар, М. (2006), „ Феноменот “Чав“: потрошувачката, медиумите и создавањето нова подкласа“ (‘The ‘Chav’ Phenomenon: Consumption, Media and the Construction of a New Underclass’), во Криминалот, медиумите, културата, (Crime, Media, Culture), том 2, 1: 9-28
- ↑ Хал, С., Винлоу, С. и Анкрум,Ц (Hall, S., Winlow, S. and Ancrum, C.) (2008).Идентитети на криминалците и културата на потрошувачите (Criminal Identities and Consumer Culture), Колумптон: Вилан
- ↑ Барак- Гланц И.Л., Е.Х. Џонсон (Barak-Glantz, I.L., E.H. Johnson) (1983).Компаративна криминологија. (Comparative criminology). Саж
Библиографија
[уреди | уреди извор]• Викикниги: Вовед во социологијата [(Wikibooks: Introduction to sociology)|http://en.wikibooks.org/wiki/Introduction_to_sociology]
• Цезаре Бекариа (Cesare Beccaria), За делата и за казните(Dei delitti e delle pene)(1763-1764)
• Брајтингам, П.Џ и Брајтингам, П.Л (1991). (Brantingham, P. J. & Brantingham, P. L.) Криминологија на околината (Environmental criminology). Проспект Хејтс, Вејвленд Печат.
• Барак, Грег (Barak, Gregg )(1998). Интегративна криминологија (Integrative criminology) (Меѓународна библиотека на криминологија, криминална правда и пенологија). Алдершот: Ашгат/Дартмут ISBN 1-84014-008-9
• Петит, Филип (Pettit, Philip) и Брајтвајт, Џон (Braithwaite, John). Не само десерти. Републиканска теорија на криминална правда (Not Just Deserts. A Republican Theory of Criminal Justice) ISBN13: 9780198240563 (видете Републиканска криминологија и поддршка на жртвите: Коментар за статијата за книгата во Изданието за правото и општеството) (Republican Criminology and Victim Advocacy: Comment) (Law & Society Review), том 28, бр. 4 (1995), стр. 765-776)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- National Criminal Justice Reference Service (NCJRS)
- American Society of Criminology
- Australian Institute of Criminology (AIC)
- British Society of Criminology
- International Criminologists Association (I.C.A.) Архивирано на 6 август 2013 г. International association of professionals specialized in criminology.
- Criminology Mega-Site Архивирано на 13 август 2009 г. — Dr. Tom O'Connor (Associate Professor of Criminal Justice, Austin Peay State University)
- Society of Criminology, Republic of San Marino
- Master in Criminologia Архивирано на 12 февруари 2013 г. I.C.A. Course
|