Кранц (Хамбург)
Кранц | |
Кварт во Хамбург | |
Кранц | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Харбург |
Основни податоци | |
Површина | 1 км2 |
Население | 857 (31 декември 2006) |
- Густина | 857 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Кранц во Хамбург | |
Координати | 53°32′13″N 9°46′50″E / 53.53694° СГШ; 9.78056° ИГД |
Кранц е кварт во округот Харбург на Хамбург, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Елба и е еден од 105-те квартови на Хамбург.
Историја
[уреди | уреди извор]Кранц припаѓал на надбискупијата Бремен. Во 1648, надбискупијата се трансформирала во војводство Бремен, кое прво било владеено со личен сојуз со Швеѓаните и од 1715 година од хановершката круна. Во 1823, војводството било укинати и неговата територија станала дел од регионот Штаде на Кралството Хановер, кое било анектирано од Кралството Прусија во 1866. Во 1937, поради законот за голем Хамбург Кранц станал дел од Хамбург.
Географија
[уреди | уреди извор]Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Кранц имал вкупна површина од 1,3 км2. Тој е рурален кварт и е дел од областа Алтес Ланд. На југ е покраината Долна Саксонија. На север е реката Елба, а на исток е квартот Нојенфелде.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 2006, во квартот Кранц живееле 857 луѓе. Густината на населеност била 643 на км2. 18,6% биле деца под 18 години, а 16,7% имале 65 или повеќе години. 15,4% од жителите биле странци. 31 лице било регистрирано како невработен.[1] Во 1999, имало 424 домаќинства од кои 21,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,9% од сите домаќинства биле сочинети од само еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,09.[2]
Во 2006, имало 67 кривични дела во Кранц (87 дела на 1000 жители).[3]
Има 1 основно и ниедно средно училиште во квартот Кранц. Постојат 2 приватни лекарски ординации и ниедна аптека.[4]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Кранц не е опслужуван од железничкиот систем на С-железницата. Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 365 приватни возила (456 возила/1000 луѓе).[4]
Бариката од поплави била изградена по големата поплави во 1962 за да ја заштити реката Есте од поплавите на реката Елба.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (на германски).
|
|
|