Костен
Костен | |
---|---|
Питом костен (Castanea sativa) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Буки |
Род: | Костен |
Костен (науч. Castanea) — род од осум до десет вида на листопадни дрва и грмушки од семејството буки (Fagaceae) со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Поимот го означува и оревестиот плод што го дава дрвото.[1]
Ова дрво припаѓа на истото семејство како и дабот и буката. Четирите поважни вида се нарекуваат питом (европски), кинески, јапонски и американски костен.[2]
Иако имаат сличности во плодовите, костенот не е сроден со дрвото див костен, кое припаѓа на родот Aesculus.
Во Македонија, костенот е најзастапен на Беласица и Шар Планина.[3] На неколку места во земјата секоја година се одржуваат т.н. „костенијади“, каде на различни начини се промовираат костените и костеновото дрво.
Опис
[уреди | уреди извор]Костените растат мошне бргу, со ислучок на кинескиот, чиј раст е умерен.[4] Во висина се движат од грмушести,[5] па сè до американскиот вид (Castanea dentata), кој достигнува 60 м. Со среден раст се јапонскиот костен (Castanea crenata) со просек од 10 м и кинескиот костен (Castanea mollissima) со 15 м. Поголем е европскиот (питомиот) костен, (Castanea sativa) висок околу 30 м.[6]
Кинескиот и (особено) јапонскиот се поразгранети и порашитени,[6] додека пак останатите имаат исправено и масивно стебло, со големи густи крошни.[4] Лисјата на европскиот и американскиот добиваат впечатлива жолта боја на есен.[7]
Кората е мазна кога дрвото е младо и има[8] црвеникаво-кафена боја кај американскиот[9] и сива кај европскиот костен. Со растот, американските стануваат сиви и потемни, со дебело набрано стебло. Наборите одат по должината и знаат да се завијат околу стеблото налик на усукан гајтан.[4]
Листовите се прости, јајцевидни или копјести, долги по 10–30 см, со ширина од 4–10 см. Запците се распоредени на извесно растојание и имаат остри врвови со жилички.[10]
Цветовите се јавуваат по листовите, кон крајот на пролетта, почетокот на летото,[4] или пак во јули.[5] Распоредени се во долги реси од машки и женски тип[5] — обете на истото дрво, и имаат опоен мирис.[9] Некои реси се сочинети само од машки цветови, кои узреваат први. Секој цвет има по осум прашници, додека кинескиот костен има 10 до 12.[11] Други реси имаат поленови цветови на, но кај матичното гранче имаат и женски плодородни цветови. Два до три цвета заедно образуваат четириделна боцкава ежовка, која подоцна сраснува и го обвива плодот.[4]
Плодовите лежат во боцкави ежовки со пречник од 5–11 см, честопати во парови или повеќе заедно.[5] Ежовката може да има еден до седум плода, зависно од видот, вариететот и сортата.[12][13][14][15] Кога плодовите ќе узреат, ежовките стануваат жолтокадени и се расцепуваат на два или четири дела.
Употреба
[уреди | уреди извор]Исхрана
[уреди | уреди извор]Костените се јадат печени, варени или сомелени во брашно, од кое се прави леб, колачи, палачинки, тестенини. Покрај ова, фино мелениот костен скробен елемент во запршки, чорби и сосови.
Дрво
[уреди | уреди извор]Костеновото дрво е мошне трајно и особено издрлживо при изложеност на временските услови.[16]
Дрвото има светлокафеав, украсен изглед, сличен на дабовиот, но дава поголемо количество на квалитетно дрво. Се избегнува употреба на постаро дрво бидејќи лесно се криви и престанува да биде издржливо, наспроти дабот, кој ги задржува особините и во староста.[4][16] Затоа, костенот не се користи во големи талпи како граѓа, туку за помал надворешен мебел, огради и покривни плочки.[16] Во Италија од него се прават и буриња.
Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон.[17]
Костенот како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Костен“ (српски: Кестен) — песна на српскиот поет Васко Попа.[18]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Питом костен
-
Питом костен
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ костен — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Industry information Архивирано на 8 август 2008 г. by David McLaren. From The Chestnut Growers Information Book, Chestnut Australia Inc.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Костен“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 A Modern Herbal. By Mrs. M. Grieve.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Chestnuts, Horse-Chestnuts, and Ohio Buckeyes Архивирано на 16 септември 2008 г.. In Yard and Garden Brief, Horticulture department at University of Minnesota.
- ↑ 6,0 6,1 Chestnuts worldwide and in New Zealand. By the New Zealand Chestnut Council, 2000.
- ↑ Autumn Foliage Color:Past, Present, and Future. Архивирано на 13 мај 2008 г. Harvard University
- ↑ The American Chestnut Tree. By Samuel B. Detwiler. Reprinted from American Forestry, October, 1915. Chattooga Conservancy.
- ↑ 9,0 9,1 Chestnut Tree.
- ↑ Chestnut — Answers.com.
- ↑ „Flora of Taiwan“. Архивирано од изворникот на 2009-07-20. Посетено на 2013-12-03.
- ↑ Castanea – Flora of China.
- ↑ Castanea Архивирано на 4 март 2016 г. – Flora of North America
- ↑ Trees of Britain and Europe. By K. Rushforth. Collins. 1999. ISBN 0-00-220013-9.
- ↑ Trees and Shrubs Hardy in the British Isles. By W.J. Bean. 8th ed., vol. 1. John Murray. 1976. ISBN 0-7195-1790-7.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Sweet Chestnut production in Farm Woodlands – CALU Technical Note ref: 050401.
- ↑ Encyclopaedia of Medicinal Plants. By R. Chiej. MacDonald 1984. ISBN 0-356-10541-5. Cited in Plants For A Future.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Костен на Викивидовите ?
- Хранливи сосојки на костенот Архивирано на 9 април 2016 г. — Федерација на фармерите на РМ
- Лековитите својства на костенот Архивирано на 6 декември 2013 г. — „МиГусто“
- „Костен“ — Енциклопедија на живиот свет
|
|