Прејди на содржината

Корибанти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танц на Корибанти, како што ги нацртал лексикографот Вилијам Смит во својот речник за антиквитетите.[1]

Корибанти - свештеници на фригиската божица Кибела.

Митот за Кибела

[уреди | уреди извор]

Кибела била фригиска божица на плодноста, азиски пандан на египетската Изида. Најпознатиот мит поврзан со Кибела е оној каде таа се вљубила во момчето Атид, кој се одликувал со извонредна убавина. Меѓутоа, тој ја изневерил божицата и сакал да се ожени со една принцеза. Разлутената божица сакала да му се одмзади и се појавила на неговата свадба и сите гости ги зафатил пански страв така што полуделе. Атид избегал во шумата, полудел и се убил.

Во чест на Атид, самата Кибела го воспоставила празникот на жалоста за време на пролетниот еквиноциј. Тогаш, корибантите оделе во планините да го бараат Атид, а кога ќе го пронајделе, т.е. некоја слика која го претставувала него, се предавале на голема радост и играле, во придружба на разни инструменти, така што се вртеле во стилот на турските дервиши. Таквиот занос, кој лечел од лудило, го спомнува Аристофан во своите драми.[2]

  1. William Smith, D.C.L., LL.D.: A Dictionary of Greek and Roman Antiquities, John Murray, London, 1875.
  2. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 96.