Казуар
Казуар припаѓа на родот тркачи кој ги населува тропските шуми на Нова Гвинеја, Источните Мали Сунди, Молучките Острови и североистокот на Австралија .[1] Постојат три современи видови. Најчестиот од нив, австралискиот казуар, е трет по височина и втор по тежина современ вид на птица, помал е само од ној и ему.
Казуарите се хранат воглавно со овошје, иако сите видови се сештојади и ќе земаат друга растителна храна, како што се фиданки и семе од трева, но исто така и габи, безрбетници и мали ’рбетници . Казуарите се многу внимателни во односот кон луѓето, но доколку бидат испровоцирани, тие можат да предизвикаат сериозни повреди на луѓето, вклучувајќи и смртни. Казуарот честопати бил прогласуван за најопасна птица во светот .[2]
Систематика и класификација
[уреди | уреди извор]Родот Casuarius го воспоставил францускиот научник Матирен Жак Брисо во 1760 година.[3] Типски вид е австралиски или јужен казуар ( Casuarius casuarius ).[4] Шведскиот природник Карл Лине го вклучил родот во шестото издание на својот Природен систем објавен во 1748 година [5] но го исклучил во важното десетто издание од 1758 година каде што тој го обедини касарот со нојот и големиот нанду.[6][7]
Слика | Научно име | Распростанетост |
---|---|---|
Casuarius casuarius | јужен дел на Нова Гвинеја, североисточна Австралија и островот Ару, претежно во низините [1] | |
Casuarius bennetti | Нова Гвинеја, Нова Британија и Јапен, воглавно на висорамнините | |
Casuarius unappendiculatus | северниот и западниот дел на Нова Гвинеја и островот Јапен, воглавно во низините [8] | |
(Изумрени) † | Casuarius lydekkeri | Фосил од плеистоцен познат од Нов Јужен Велс [9] и Нова Гвинеја [10] |
Однос со луѓето
[уреди | уреди извор]Некои општества од новогвинејските планини и висорамнини ги фаќаат младите казуари и ги одгледуваат како полупитома живина, за употреба во церемонијалните размени на подароци и како храна .[11] Тие се единствените автохтони австралиски животни кои луѓето делумно ги припитомиле пред доаѓањето на Европејците.[12]
Казуарите имаат репутација на опасни за луѓето и домашните животни. За време на Втората светска војна, американските и австралиските трупи стационирани во Нова Гвинеја биле предупредени да се чуваат од казуарите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Clements, J. (2007)
- ↑ Mosbergen, Dominique (14 април 2019). „'World's Most Dangerous Bird' Kills 75-Year-Old Owner In Florida“. HuffPost. Посетено на 15 април 2019.
- ↑ Brisson, Mathurin Jacques (1760). Ornithologie, ou, Méthode contenant la division des oiseaux en ordres, sections, genres, especes & leurs variétés. Volume 1. Paris: Jean-Baptiste Bauche. Vol. 1, p. 46, Vol. 5: p. 10, Plate 1 fig 2, Latin.
- ↑ Mayr, Ernst; Cottrell, G. William, уред. (1979). Check-list of Birds of the World. Volume 1 (2. изд.). Cambridge, Massachusetts: Museum of Comparative Zoology. стр. 7.
- ↑ Linnaeus, Carl (1748). Systema Naturae sistens regna tria naturæ, in classes et ordines, genera et species redacta tabulisque aeneis illustrata (латински) (6. изд.). Stockholmiae (Stockholm): Godofr, Kiesewetteri. стр. 16, 27.
- ↑ Linnaeus, Carl (1758). Systema Naturæ per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis (латински). Volume 1 (10. изд.). Holmiae (Stockholm): Laurentii Salvii. стр. 155.
- ↑ Allen, J.A. (1910). „Collation of Brisson's genera of birds with those of Linnaeus“. Bulletin of the American Museum of Natural History. 28: 317–335.
- ↑ Davies, S. J. J. F. (2002)
- ↑ Miller, Alden H. (19 јуни 1962). „The history and significance of the fossil Casuarius lydekkeri“ (PDF). 25 (10). The Australian Museum: 235-238. doi:10.3853/j.0067-1975.25.1962.662. Посетено на 20 март 2017. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Rich, P. V.; Plane, Michael; Schroeder, Natalie (1988). „A pygmy cassowary (Casuarius lydekkeri) from late Pleistocene bog deposits at Pureni, Papua New Guinea“ (PDF). Journal of Australian Geology & Geophysics. 10: 377-389.
- ↑ Bulmer, Ralph (март 1967). „Why is the Cassowary Not a Bird? A Problem of Zoological Taxonomy Among the Karam of the New Guinea Highlands“. Man. 2 (1): 5–25. doi:10.2307/2798651. JSTOR 2798651.
- ↑ Bourke, R. Michael: History of agriculture in Papua New Guinea in Food and Agriculture in Papua New Guinea, ANU Press, 2009
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ernest Ingersoll (1920). „Cassowary (англиски)“. Encyclopedia Americana.