Прејди на содржината

Имер Селмани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Имер Селмани
Министер за здравство
На должноста
27 август 2006 – 27 јули 2008
Претседател Никола Груевски
Претходник Владимир Димов
Наследник Бујар Османи
Лични податоци
Роден(а) 20 февруари 1968(1968-02-20)(56 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Албанец
Партија ДПА
Нова Демократија
Професија доктор

Имер Селмани (албански: Imer Selmani; Скопје, 20 февруари 1968) — македонски политичар, поранешен вицепремиер и Министер за здравство на Република Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Израснат е и живее во селото Шишево. Тој e основач на политичката партија Нова Демократија.

Во 2000 година бил избран за градоначалник на Општина Сарај, а на локалните избори во 2005 бил реизбран на таа позиција. Селмани од 2003 година, сè до формирањето на неговата партија Нова Демократија бил потпретседател на ДПА. На ова место дошол откако од 2001-2003 година бил претседател на партискиот огранок за Сарај. Имер Селмани од 2002 до 2005 година бил потпретседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

Во 2006 година се кандидирал за пратеник од ДПА на парламентарните избори на кои победила ВМРО-ДПМНЕ. Во Владата на Никола Груевски бил избран за министер за здравство. На 2 септември 2008 година го најавил формирањето на партијата Нова Демократија, а ја промовирал на 14 септември. Се кандидирал за претседател на Македонија на претседателските избори 2009 година како кандидат на Нова Демократија. На предвремените парламентарни избори во 2011 година, неговата партија Нова Демократија доживува пораз, и поради неосвојувањето на ниеден пратенички мандат, тој на 7 јуни 2011 година поднесол оставка како претседател на партијата.[1]

Вон политиката

[уреди | уреди извор]

Селмани од 1993 година се занимава со бизнис со моторни масла и автоделови.

  1. Вренези, Наим (7 јуни 2011). „Имер Селмани поднесе оставка“. А1. Посетено на 2011-06-07.
Политички функции
Претходник
Владимир Димов
Министер за здравство на Македонија
2006–2008
Наследник
Бујар Османи