Прејди на содржината

Жозеф Пруст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жозеф Пруст
Жозеф Пруст
Роден(а)Жозеф Луј Пруст
26 септември 1754(1754-09-26)
Починал(а)5 јули 1826(1826-07-05) (возр. 71)
Анже, Франција
Занимањехемичар

Жозеф Луј Пруст (француски: Joseph Louis Proust), (Анже, 26 септември 1754Анже, 5 јули 1826) – француски хемичар. Тој експериментално го воспоставил законот за постојан однос на масите во 1799 година, според кој хемиските соединенија секогаш се комбинираат во константни односи.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Жозеф Пруст е роден на 26 септември 1754 година во Анже, Франција. Татко му бил аптекар во Анже. Жозеф учел хемија во продавницата на татко му, а подоцно отишол во Париз каде бил назначен за главен аптекар во болницата Салпетриер[1].

Под влијание на Карло IV, Пруст отишол во Шпанија каде предавал во хемиското училиште во Сеговија и на универзитетот Саламанка. Кога Наполеон извршил инвазија на Шпанија, била изгорена лабораторијата на Пруст, а тој бил принуден да се врати во Франција. На 5 јули 1826 година во Анже. Минералот прустит (Ag3AsS3) е именуван во негова чест.

Најпознатото остварување на Пруст е произлезено од неговиот спор со Бертоле. Бертоле не верувал дека супстанциите секогаш се комбинираат според законот за постојан однос на масите како што тврдел Пруст. Во 1799 година, Пруст докажал дека е во право кога ја објавил својата хипотеза.

Остварувања

[уреди | уреди извор]
Биста на Жозеф Пруст од вајарот Давид д'Анже (1831)

Најголемиот придонес на Пруст во развојот на хемијата е законот за постојан однос на масите, кој понекогаш се нарекува и Прустов закон. Овој закон изворот на атомската теорија на Далтон.

Кон 1780 година, Пруст ја пронашол маслената ламба со бочен резервоар каде маслото се турка кон фитилот од неговата сопствена тежина. Пруст ја вовел анализата на метали во водени раствори на сулфиди добиени со таложење на сулфурводород, метод на анализа кој долго време се сметал за класичен.

Паралелно со своите истражувања на составот на неорганските соединенија, Пруст се интересира за прехранбениот домен. По гладот во Шпанија (1803-1804), Пруст предлага метод за консумација на исландски мов кој можел да се најде во планините.

После 1800 година, Пруст во Шпанија врши истражувања на шеќерите содржани во медот, грозјето и другите овошја [2]. Тој покажал дека шеќерите на медот и грозјето се исти (гликоза и фруктоза) и се различни од шеќерот од шеќерна трска (сахароза).

По своето враќање во Франција, Пруст спроведувал истражувања на прехранбени производи со скромни средства [3]. Тој ја проучува можноста да се промени составот на лебот со додавање на брашно од компири [4]. Тој ги открива хордеинот и казеинот проучувајќи го јачменот [5] et le lait caillé и изварката [6]. Предлага подготовка на супа во таблети и сушено месо според методот на перуанските Индијанци [7]. Тој исто така е заинтересиран за потеклото на уринарните камења [8].

  1. „Жозеф Луј Пруст“. Архивирано од изворникот 2006-03-08. Посетено на 2006-03-08.
  2. L.-J. Proust, Mémoire sur le sucre de raisin, Annales de chimie, 57, p.131, 1806. Gallica.
  3. Table analytique du Bulletin et du Journal de Pharmacie, Imp. De Frain, Paris, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article392, 1831 (Liste partielle de ses travaux), books.google.fr.
  4. Recherches sur le meilleur emploi des patates, ou pommes de terre, Annales de l'agriculture française, Librairie de Mme Huzard, Paris, juin 1818, 2 série, tome II, p. 137-202, books.google.fr
  5. Analyse de l'orge avant et après sa germination, et conséquences économiques qui en découlent, Annales de chimie et de physique, 5, p. 337, 1817. gallica
  6. Recherches sur le principe qui assaisonne les fromages, Annales de chimie et de physique, 10, p. 29, 1819. gallica
  7. Mémoire sur les tablettes de bouillon; Annales de chimie et de physique, 18, p. 170, 1821. gallica
  8. Essai sur une des causes qui peuvent amener la formation du calcul, L. Pavie Imprimeur, Angers, (1824). gallica