Долно Соње
Долно Соње | |
Поглед на селото Долно Соње од патот за с. Осинчани | |
Координати 41°56′24″N 21°22′40″E / 41.94000° СГШ; 21.37778° ИГД | |
Општина | Сопиште |
Население | 793 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25541 |
Надм. вис. | 585 м |
Слава | Спасовден |
Долно Соње на општинската карта Атарот на Долно Соње во рамките на општината | |
Долно Соње на Ризницата |
Долно Соње (познато и како Долно Солње) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Долно Соње е сместено на јужната падина на Водно. Селото е дел од областа Каршијак. Оддалечено е 11,5 километри југозападно од Скопје.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Економијата во селото е на ниско ниво и се заснова на една фирма во која се вработени 15 работници, останатата економија е дел од сточарството и земјоделството. Луѓето се претежно вработени во фабрики и мал дел се во компании.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 46 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 153 мажи христијани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 332 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 301 жител.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Соње живееле 410 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Соње имало 384 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Соње живеат 689 жители, од кои: 678 Македонци, 2 Власи, 4 Срби и 5 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 793 жители, од кои 689 Македонци, 1 Албанец, 7 Власи, 9 Срби, 5 останати и 82 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 504 | 873 | 818 | 778 | 705 | 617 | 603 | 601 | 689 | 793 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Долно Соње е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
- Староседелци: Џуковци (2 к.), Каралковци (3 к.), Баревчиња (6 к.), Митревци (9 к.), Савевци (8 к.), Рустиковци (8 к.),Милевци (14 к.), Бардовчиња (8 к.), Марковци (5 к.) и Поповци (14 к.)
- Непознато потекло: Бужевци (4 к.), Бадаловци (2 к.), Китевци (3 к.), Соколовци (1 к.), Илиовци (6 к.), Стевановчиња (1 к.), Богдановци (6 к.), Пеќаковци (1 к.) и Димовци (3 к.) не знаат дали се староседелци, или доселени со непозната старина
- Доселеници: Тодоровциња (2 к.) доселени се од соседното село Барово. Таму имале истоимени роднини; Умаровци (7 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Малезанои (11 к.) родот го основал Стојан Малезан. Тој се доселил од селото Добри Дол; Јовевчиња (2 к.), Алтивој (2 к.) и Зенговци (2 к.) не знаат од каде се доселени.[13]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Општествени установи кои фукционираат во селото се :
- Основно училиште од прво до четврто
- Амбуланта
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото е администрирано под раководството на месната заедница, црковниот одбор и општината Сопиште.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Водопадот „Прскало“ знаменитост, постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“.
Водопадот е реткост за околината на Скопје и тоа е причина повечќе туристите да го посетат.
Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите.
Црквите се културно-историско-верско наслетсво кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани,токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите.
Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои: староста на објектот, староста на фреските, иконте и иконостасот, се доаѓа со цел да се преспие и да воспостави црковна медицина.
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Поткарпа — осамен наод од римското време;
- Св. Спас — осамен наод од римското време;
- Чешма — осамен наод од римското време.
- Цркви
- „Вознесение Христово“ — главната селска црква;[15]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- 6 јануари - Бадникова вечер (музика гозба)
- Велигден (Тапани)
- Спасовден (селска слава)
- Свети Јован
- Водици
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Долно Соње:
- Ефтим Боцевски (1897-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Димче Анчевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Борис Панковски (1927-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Методи Додевски - Манак (?-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Селето има имиграција и тоа луѓето што во минатото мигрирале во градот повторно севраќаат назад. Селото има голем број викендаши. Во минатиот век имало 2-3 семејства кој го напуштиле селото и заминале во Австралија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 206.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Пложен камен темелник на нова црква во село Долно Соње“. Архивирано од изворникот на 2016-08-05. Посетено на 2016-03-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Долно Соње на Карти на Гугл
|