Дипхолц (округ)
Дипхолц Diepholz | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Долна Саксонија | ||
Седиште | Дипхолц | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.987 км2 (767 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 222.816 | ||
• Густина | 110/км2 (290/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | DH | ||
Мреж. место | diepholz.de |
Дипхолц (германски: Diepholz) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Ферден, Нинбург, Минден-Либеке (во Северна Рајна-Вестфалија), Оснабрик, Фехта и Олденбург, и со градовите Делменхорст и Бремен. Најнаселена општина е Штур крај границата со Бремен.
Историја
[уреди | уреди извор]Од XII век до 1585 г. Дипхолц бил суверено господство, а подоцна грофовија во состав на Светото Римско Царство. На почетокот на XVI век таа претрпела голем притисок од моќното војводство Брауншвајг-Линебург, кое се обидело да ги припои кон себе помалите околни држави. Дипхолц склучил сојуз со соседната Грофовија Хоја и побарал помош од царот, така што државата успеала да остане уште неколку десетлетија. Во 1585 г. владејачкото семејство изумрело, па Дипхолц бил присвоен од Врауншвајг-Линебург.
Во 1932 г. е основан округот Грофовија Дипхолц со спојување на дотогашните окрузи Дипхолц и Зулинген. Првоспоменатиот бил приближно ист како средновековната држава, а Зулинген прешол од Грофовијата Хоја.
Денешниот округ е создаден во 1977 г. спојуваќи ги поранешните окрузи Грофовија Дипхолц со округот Грофовијаа Хоја, а самиот град Хоја влегол во округот Нинбург.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се протега од јужните предграфија на Бремен до границата со Северна Рајна-Вестфалија. На југ е езерото Димер, (16 км2), опружено со слатина. Тука, во трскарниците се гнездат разни ретки видови птици. Најсеверниот дел на округот е покриен со шуми и обработливо земјиште.
Грб
[уреди | уреди извор]На окружниот грб е претставен лав, наследен од грофот на Дипхолц. Мечкините канџи се земени од грбот на Хоја. Ова го симболицира соединувањето на грофовиите во 1977 г.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]Градови | Општински заедници | ||
---|---|---|---|
|
|
|
|
1седиште на општинската заедница |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дипхолц (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- Слики од Дипхолц (германски)
- Езерото Димер (германски)
- Историски слики од Дипхолц
|
|