Двејн Вејд
Изглед
Двејн Вејд (англиски: Dwyane Wade) (роден 17 јануари 1982 во Чикаго, Илиноис)[1] — поранешен американски кошаркар кој настапувал за тимовите на Мајами Хит,Чикаго Булс и Кливлед Кавалиерс во НБА. Тој студираше на колеџот „Маркет“ (англиски: Marquette).[2] Тој играл во НБА од 2003-та, кога беше одбран со 5. пик на драфтот.[3] Во 2006 ја освои титулата, играјќи во финалето против Далас Маверикс предводени од Дирк Новицки. Вејд беше најкорисен играч на финалето. Тој редовно настапувал за Американската кошаркарска репрезентација.[4] Во 2012 година ја освои втората титула заедно со Леброн Џејмс и Крис Бош соборувајќи ги Кевин Дурант и Оклахома Сити Тандер во финалето.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Dwyane Wade Stats“. Basketball-Reference.com (англиски). Посетено на 2020-11-08.
- ↑ Shipley, Amy. "Schooled With Hard Knocks.", The Washington Post, May 10, 2005. Retrieved June 15, 2007.
- ↑ Bryant passes Wade for top-selling jersey at NBA stores, espn.com, 10 јануари 2007, проверено на 14 мај 2007.
- ↑ Dwyane Wade Gives Out Watches! – 2012 NBA Championship Parade Клип на YouTube, 6:43. At 0:29 the M.C. introduces him. Проверено на 2012-09-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Двејн Вејд“ на Ризницата ? |
|