Прејди на содржината

Дафне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дафне
Опера од
Дафне бркана од Аполон, од Џовани Батиста Тјеполо, 1744
ИзворноDafne
ЛибретоОтавио Ринучини
ЈазикИталијански
СпоредДафне (митологија)
Премиерна изведба
Датум1598 (1598)
МестоПалацо Корси, Фиренца

Дафне е најрано дело што, според современите стандарди, може да се смета за опера.[1][2][3] Либретото од Отавио Ринучини е целосно зачувано; а претежно изгубената музика е компонирана од Јакопо Пери, но барем два од шесте зачувани фрагменти се од Јакопо Корси. Дафне прво била изведена за време на карневалот во Палацо Корси во 1598 година.[4]

Историјат

[уреди | уреди извор]

Дафне е напишана за многу помал ансамбл од оперите на Клаудио Монтеверди (изведени за релативно кратко време по Дафне); и бил сочинет од чембало, лаута, виола, архилаута и три флејта.[5]  Пери во операта вклучил рецитативи и мелодичен говор вметнат во музика, како централен дел на операта.[6]

Се раскажува за Аполон кој се вљубил во нимфата Дафне. Операта е напишана за елитен круг хуманисти во Фиренца - Фиорентинска Камерата, меѓу 1594 и 1597 година, со поддршка, а можеби и соработка, од композиторот и покровител Јакопо Корси.[6][7] Обидот за заживување на грчката драма,[5] според современите учења, бил непретпознатлив за старите Грци.[6]

Поголемиот дел од музиката на Пери е изгубена, и покрај популарноста и славата во Европа во времето кога била компонирана, но либретото од 455 стихови е отпечатено и е зачувано. Семејството Медичи кое владеело со Фиренца тоа време, било воодушевено со Дафне и дозволило следното дело од Пери, Евридика, да се изведе како дел од свадбата на Марија де Медичи и Хенри IV во 1600 година.[8][9]

  1. Sonneck, O. G. (1913). „"Dafne", the First Opera. A Chronological Study“. Sammelbände der Internationalen Musikgesellschaft. 15 (1): 102–110. JSTOR 929391.
  2. „How the Quest Was Won: OPERA (21/10/2005)“. ABC. Архивирано од изворникот на 19 May 2006. Посетено на 7 August 2007.
  3. „Travel Advisory; Opera's 400th Birthday Is Celebrated in Vienna“. The New York Times. 3 May 1998. Посетено на 7 August 2007.
  4. Edmond Strainchamps, "Corsi, Jacopo" in New Grove.
  5. 5,0 5,1 Otten, Joseph (1911). Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. Посетено на 7 August 2007.
  6. 6,0 6,1 6,2 Jacopo Peri – Dafne page
  7. Porter, William V. (1965). „Peri and Corsi's Dafne: Some New Discoveries and Observations“. Journal of the American Musicological Society. 18 (2): 170–196. doi:10.2307/830682. JSTOR 830682.
  8. „Music to the ears“. news.com.au. 27 November 2006. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 7 August 2007.
  9. „Opera Before Gluck“. Music With Ease. Посетено на 7 August 2007.