Далиан
Далиан 大连市 | |
---|---|
Град | |
Местоположба на градот Далиан во Лиаонинг | |
Country | Кина |
Покраина | Лиаонинг |
Населен | 1899 |
– Пренесување на суверенитетот на Јапонија (Договор од Шимоносеки) | 17 Април 1895 |
– Руска окупација (Даљниј) – Јапонска окупација | 3 март 1898 – 2 јануари 1905 1905 – 15 август 1945 |
– Пренесување на суверенитетот на Кина | 16 април 1955 |
Површина | |
• Град | 13.743 км2 (5,306 ми2) |
• Земјишна | 12.573,85 км2 (485,479 ми2) |
• Градска | 5.766,2 км2 (22,263 ми2) |
• Метро | 3.169,2 км2 (12,236 ми2) |
Надм. вис. | 29 м |
Население (попис од 2020)[1] | |
• Град | 7.450.785 |
• Густина | 540/км2 (1,400/ми2) |
• Градскo | 5.736.383 |
• Градска | 99/км2 (260/ми2) |
• Метро | 5.106.719 |
• Метро | 160/км2 (420/ми2) |
GDP (nominal) | |
• Total | CNY 823.42 милјарди ($119.76 милиони) |
• По глава на жител | CNY 117,850 USD 17,141 |
• Раст | ▲ 6.5% |
Час. појас | Стандардно кинеско (UTC+8) |
Поштенски број | 116000 |
Повик. бр. | 0411 |
Мреж. место | dl.gov.cn |
Далиан (традиционален кинески: 大連, поедноставен кинески:大连, пинјин: Dàlián) ― потпровинциски пристаништен град во покраината Лиаонинг, Народна Република Кина,[2] и е втор по големина град во Лиаонинг (по главниот град на провинцијата Шенјанг) и трет најголем град во Североисточна Кина.
Градот се наоѓа на јужниот крај од Полуостровот Љаодунг, и тој е најјужен град во Љаонинг и во Североисточна Кина. Преку Даљенскиот Залив (составен дел од Корејскиот Залив) излегува на Жолто Море.
Според пописот од 2020 година, имал вкупно население од 7.450.785 жители од кои 5.106.719 живееле во урбанизирана област.
Денес, градот е финансиски, транспортен и логистички центар за Источна Азија. Во минатото Даљен и неговите пристаништа биле често користени од странски сили. Даљен претходно бил познат како „ Даљниј“ [3] (руски: Дальний), „Дајрен“ (јапонски: 大連), и „Луда“ или „Лута“ (кинески: ). Порано градот бил познат и како „Порт Артур“ и „Рјоџун“ (јапонски: 旅順) од оригиналниот Порт Артур, израснала денешната градска област Лушунку.
Во 2016 година, Даљен бил на 48-мо место на Индексот на глобалните финансиски центри.[4] Во 2012 година, Даљен бил на 82-ро место на глобалниот индекс на конкурентност на градовите. [5] Во 2006 година, од страна на China Daily Даљен бил прогласен за најповолен град за живеење во Кина. [6]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Далиан, меѓу другите е збратимен со: [7]
- Боливија Ла Паз
- Русија Владивосток
- Аргентина Баија Бланка
- Германија Бремен
- Холандија Енсхеде
- Германија Росток
- Франција Авр
- САД Оукленд
- Јапонија Маизуру
- Шпанија Сарагоса
- САД Далас
- Македонија Охрид
- Русија Калининград
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
Оваа статија место во Кина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „China: Liáoníng (Prefectures, Cities, Districts and Counties) - Population Statistics, Charts and Map“.
- ↑ 中央机构编制委员会印发《关于副省级市若干问题的意见》的通知. 中编发[1995]5号 (кинески). 19 February 1995. Архивирано од изворникот на 29 May 2014. Посетено на 28 May 2014.
- ↑ „Old photos of "Dalniy"“. Архивирано од изворникот на 17 February 2015. Посетено на 17 February 2015.
- ↑ „The Global Financial Centres Index 19“. Long Finance. March 2016. Архивирано од изворникот на 8 April 2016. Посетено на 11 April 2016.
- ↑ „The Global City Competitiveness Index“ (PDF). Managementthinking.eiu.com. 12 March 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 April 2016. Посетено на 1 March 2015.
- ↑ Jing, Fu (3 January 2006). „Beijing drops out of top 10 'best city' list“. China Daily. Архивирано од изворникот на 20 August 2013. Посетено на 12 February 2014.
- ↑ 大连市友好城市及友好合作关系城市. www.wb.dl.gov.cn (кинески). Архивирано од изворникот на 2020-02-17. Посетено на 19 February 2021.