Гунбјерн
Гунбјерн | |
---|---|
Gunnbjørn Fjeld | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3.694 м |
Истакнатост | 3.694 м |
Координати | 68°55′10.2″N 29°53′54.72″W / 68.919500° СГШ; 29.8985333° ЗГД |
Географија | |
Место | Сермерсок, Гренланд |
Матичен венец | Воктинсонови Планини |
Искачување | |
Прво освојување | 16 август 1935 |
Гунбјерн (дански: Gunnbjørn Fjeld) — највисока планина во Гренланд, територија на Кралството Данска северно од Северниот Поларник. Претставува нунатак, карпест изданок над ледничкиот мраз.
Географија
[уреди | уреди извор]Планината се наоѓа во венецот Воктинсонови Планини во источниот дел на островот. Има доста нунатаци и опфаќа уште неколку врвови со висина над 3.500 м.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Гунбјерн за првпат е освоен на 16 август 1935 г. од Огистен Курто, Џек Лонгленд, Ебе Мунк, Харолд Вејџер и Лоренс Вејџер. Наречен е во чест на Хунбјерн Улфсон, првиот Европеец кој го открил Гренланд.[2]
Врвот се издига над ненаселен крај на источното крајбрежје на Гренланд. Искачувањата се ретки поради оддалеченоста и непристапноста на тој крај. Почесто до него се доаѓа со вртолет или авион на скии, обично од Исланд.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Форел — порано погрешно сметана за највисока на Гренланд
- Список на планини во Гренланд
- Мелехеј — највисока планина во потесна (европска) Данска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gunnbjørn Fjeld“. Mapcarta. Посетено на 5 July 2016.
- ↑ Rasmus Ole Rasmussen: Gunnbjørn Fjeld. Den Store Danske.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гунбјерн на Ризницата ?
- Патопис од 2004 г. (англиски)
- Гунбјерн на Peakbagger (англиски)
|