Гранадски Емират
Гранадски Емират إمارة غرﻧﺎﻃﺔ Imarat Gharnāṭah | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1228–1492 | |||||||||
Motto: Wa lā gāliba illā-llāh (арапски) (There is no conqueror but Allah) | |||||||||
Статус | Вазал на Кастилска круна | ||||||||
Главен град | Гранада | ||||||||
Говорени јазици | арапски, шпански, ладино | ||||||||
Вероисповед | ислам (католицизам, јудаизам) | ||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||
Историја | |||||||||
• Основана | 1228 | ||||||||
• Престанала да постои | 1492 | ||||||||
|
Гранадски Емират (арапски: إمارة غرﻧﺎﻃﺔ, транс. Имарат Гарната) — емират основан во 1228 година, по Битката кај Лас Навас де Толоса каде династијата Алмохади била поразена од страна на Христијаните. Алмохадскиот крал Идрис ја напуштил Иберија создавајќи нова династија која се задржала најдолго на Пиринејскиот Полуостров, династија Насриди.
Во времето кога Реконквистата имала голем замав, по освојувањето на Кордоба во 1236 година, династија Насриди ги продолжила војните со Фердинанд III од Кастиља, и како официјална држава Гранада била прогласена во 1238 година. Оваа династија и нејзиниот крал биле одговорни за изградба на најголемиот дел од палатите во Алхамбра. Таифот станал вазал на христијанското Кралство Кастиља во наредните 250 години.
Официјалерн јазик во Емиратството бил арапскиот, и како мајчин се користел од страна на мнозинството од населението.
Војната против Гранада започнала во 1482 година. На 2 јануари 1492, последниот муслимански водач бил Мухамед XII од Гранада, бил поразен од страна на Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска.