Голем сатир
Голем сатир | |
---|---|
Женка, страничен поглед | |
Мажјак, страничен поглед | |
Научна класификација | |
Научен назив | |
Satyrus ferula Fabricius, 1793 |
Големиот сатир (Satyrus ferula) е пеперутка од подвидот шаренци. Пеперутката е географски широко распространета, а живее и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Должината на крилјата е од 25 до 30 мм. Овој вид на пеперутки има јасна разлика помеѓу половите, и помеѓу женките има поголема разновидност. Мажјаците се темнокафени на двете страни (горна и долна), додека пак женките се посветли и имаат широки сивкасти ленти на долните делови од крилјата. На долните делови има црни точки со мали бели внатрешности.
Периодот за летање е од јуни до септември и јајцата се полагаат на трева. Ларвите се хранат со Stipa, Festuca, Bromus erectus и Deschampsia caespitosa. (Higgins, Riley, 1982)
Животна средина
[уреди | уреди извор]Пеперугата се наоѓа во Јужна Европа, Средна Азија и Мароко. Пеперугата сака тревни површини и краишта покрај шуми. Живее на надморска висина од 400 до 1800 метри надморска висина.
-
Препариран примерок
-
Дорзален поглед
-
Типичен предел каде живее пеперугата.
Литература
[уреди | уреди извор]- Lionel G. Higgins and Norman D. Riley (1988) Field Guide to the Butterflies of Britain and Europe Collins, London
- "Satyrus Latreille, 1810" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- Fauna Europaea Архивирано на 5 март 2016 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пеперуги во Франција
- Водич за пеперуги Архивирано на 22 јули 2019 г.
- Пеперуги во Европа
|