Прејди на содржината

Гола маха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гола маха
Шпански: La maja desnuda
Творец Франсиско Гоја
Година 1797–1800
Димензии 97 см × 190 см
Место Музеј Прадо, Мадрид

Голата маха[1] (шпански: La maja desnuda [2]) - една од најпознатите слики на Франсиско Гоја. Не се знае точно кога Гоја ја насликал сликата, но повеќето проценки ја датираат помеѓу 1797 и 1800 година, иако некои ја датираат уште во 1792 година. Во секој случај, тоа е „првиот потполно профан женски акт во природна големина во западната уметност“, без претензии за алегориско или митолошко значење.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Облечена маха, 1800 – 1805, масло на платно, Прадо, Мадрид
Махите изложени една покрај друга во музејот Прадо.

Првиот регистриран сопственик на сликата бил тогашниот премиер на Шпанија, Мануел де Годој и Алварез де Фари, што довело до шпекулации дека жената на сликата би можела да биде неговата љубовница, Пепита Тудо од Кастиљо Фиела. Но, други мислат дека тоа е војвотката од Алба, со која се верува дека Гоја имал афера. Ниту една теорија не е потврдена, а поверојатно е дека сликата претставува идеализиран состав од две убавици.[4] Гоја подоцна насликал сосема идентично дело наречено La maja vestida, т.е. „Облечена маха“, која е речиси идентична копија на сликата „Гола маха“. Сликите се разликуваат само по тоа што на едната жената е гола, а другата облечена, како што велат имињата на сликите. „Облечената маха“ се чува исто така во музејот Прадо и се наоѓа веднаш до „Голата маха“. Сликите никогаш не биле јавно изложени за време на животот на Гоја и биле во сопственост на семејството Годој до 1808 година, кога целиот имот на семејството Годој бил конфискуван од страна на кралот Фердинанд VII по падот од власт и прогонот, а во 1813 година шпанската инквизиција ги конфискувала двете дела како „непристојни“, а ѝ ги вратила на Академијата за ликовни уметности Сан Фернандо во Мадрид дури во 1836 година. Во 1815 година, Гоја бил изведен пред шпанската инквизиција, која ја сметала сликата за неморална, и тие се обиделе да откријат кој му нарачал на сликарот да направи гола слика. Резултатот од нивното истражување е непознат. Сликата е купена од Музејот Прадо во Мадрид во 1910 година и таму е до ден-денес.

Како што сугерира нејзиното име, предмет на сликата е гола жена која, како Венера, римската божица на убавината и плодноста, ја осветлува темната средина со своето тело. Нејзиното таинствено лице и положба на телото само уште повеќе потврдуваат дека се работи за вистински пример за женска убавина во целосна смисла на зборот. Елеганцијата, опуштеноста и заводливиот изглед се преовладувачки компоненти на нејзиното тело, додека облините се ставени во втор план. Таа не прикажува никаква класична убавина, не подражава некоја божица или митолошко суштество, туку е приказ на обична гола жена што лежи на шезлонг. Прикажана е реално, како заводливо лежи на шезлонгот. Рацете ѝ се подигнати зад главата, има блага насмевка, а образите ѝ се забележително црвене, блескави, розови. Нејзиното тело се наведнува кон гледачот. Сликата е малку невообичаена со тоа што се прикажани срамни влакна. Во повеќето западни класични слики до тоа време, срамните влакна не биле прикажувани. Целиот светлосен фокус на сликата, силната светлина, е на голотијата на жената и на површината на каучот, што ја покажува важноста на субјектот на сликата. Позадината на сликата е претежно темна и не покажува други предмети освен ѕидот, па е во целосен контраст со жената. Може да се каже дека оваа слика е пресвртница во шпанската уметност, бидејќи врз основа на неа се создадени многу портрети на целосно голи тела. Благодарение на проширувањето на сликарските перспективи и мотиви на Гоја, сликарите почнале да се спротивставуваат на наметнатите догми на тогашната власт.

  1. majo (m. r.) ili maja (ž. r.), također manolo i manola, prema imenu Manuel, bili su naziv za ljude iz niže klase španjolskog društva, pogotovo u Madridu, koji su se isticali svojim raskošnim odjevanjem i smislom za stil i osobito svojim drskim ponašanjem.
  2. Ime je dano naknadno jer Goya nije imao običaj imenovati svoje slike.
  3. Fred Licht, Goya: The Origins of the Modern Temper in Art, Universe Books, 1979., str. 83. ISBN 0-87663-294-0
  4. Gola maja na službenim stranicama muzeja Prado, Madrid Архивирано на 3 јануари 2010 г. (англиски) Pristupljeno 8. lipnja 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]